Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKS 160 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 176

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKS 160 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-185-005.book Page 176 Wednesday, March 5, 2014 9:54 AM
176 | Македонски
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Сечење со шина водилка (види слики G –H)
Со помош на шината водилка 30 може да правите
праволиниски резови.
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка
и ја негува површината на делот што се обработува.
Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање
на електричниот апарат.
Гумениот раб на шината водилка служи како заштита до
кинење, што го спречува кинењето на површината при
сечење на дрвени материјали. Затоа листот на пилата со
запците мора да лежи директно на гумениот раб.
За работа со шината водилка 30 потребен е адаптер за
шините водилки 29. Адаптерот за шините водилки 29 се
монтира како паралелниот граничник 11.
За прецизни резови со шината водилка 30 потребна е
следнава работна постапка:
– Поставете ја шината водилка 30 со странична
издаденост на делот што се обработува. Внимавајте на
тоа, страната со гумен раб да е насочена кон делот што
се обработува.
2
1
– Поставете ја кружната пила со претходно монтиран
адаптер за шините водилки 29 на шината водилка 30.
– Поставете ја саканата длабочина на резот и аголот на
закосување. Внимавајте на ознаките на адаптерот на
шините водилки 29 за претходно подесување при
различни агли на закосување, види слика G.
– Подесете ја кружната пила со помош на адаптерот за
шините водилки, така што листот за пилата 21 ќе лежи
со запците на гумениот раб. Позицијата на листот за
пилата 21 зависи од избраниот агол на сечење. Не
сечете во шината водилка.
0
2 609 932 923 | (5.3.14)
– Зацврстете ја пеперутка-завртката 8 за да ја фиксирате
позицијата на адаптерот на шините водилки.
– Извадете ја кружната пила со претходно монтираниот
адаптер за шините водилки 29 од шината водилка 30.
– Наместете ја шината водилка 30 на делот што се
обработува, така што гумениот раб ќе лежи точно на
саканиот раб на сечење.
– Шината водилка 30 не смее да биде издадена на
страната на делот што треба да се сече.
– Зацврстете ја шината водилка 30 со соодветни уреди за
затегање, на пр. менгеме, на делот што се обработува.
Електричниот апарат со монтираниот адаптер за шини
водилки 29 поставете го на шината водилка.
– Вклучете го електричниот апарати водете го
рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење.
Со делот за сврзување 31 може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
шрафа што се наоѓаат на делот за сврзување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
3
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
1-45
спецификационата плочка на уредот.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis