Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PBD 40 Originalbetriebsanleitung Seite 184

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PBD 40:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
OBJ_BUCH-1183-007.book Page 184 Friday, June 30, 2017 3:12 PM
184 | Македонски
– За активирање на екранот14 свртете во прекинувачот
за вклучување/исклучување 13 во позиција
– Вклучете ја ласерската единица 22 со копчето 31.
На екранот 14 ќе се појави приказот „Laser".
– Насочете ги вкрстените ласерски линии на ознаката на
делот што се обработува.
Прицврстување на делот што се обработува (види
слики F1–F2)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Позиционирајте го делот што се обработува со помош
на вкрстените ласерски линии (види „Прецизно
позиционирајте го делот за обработка", страна 183).
– Олабавете го брзозатезниот лост 2 на брзиот
затегнувач 3.
– Оставете го брзиот затегнувач да легне на делот што се
обработува. Свртете го брзозатезниот лост 2 во правец
на стрелките од часовникот, додека не се затегне
цврсто делот што се обработува.
– По дупчењето, олабавете го затезниот лост 2 во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
– Свртете го брзиот затегнувач 3 на страна и извадете го
делот што се обработува.
Паралелниот граничник 19 служи за да ги обезбеди од
вртење поголемите делови за обработка.
– Олабавете ги пеперутка-завртките 20 на паралелниот
граничник 19 и поставете го паралелниот граничник во
жлебовите на основната плоча 1.
– Повторно зацврстете ги пеперутка-завртките.
– Прицврстете го делот што се обработува со помош на
брзиот затегнувач 3.
Напомена: За прицврстување на мали делови за
обработка користете машинско менгеме (на пр. Bosch
MS 80).
Поставување на висината на погонската единица
(види слика G)
 Не ја подесувајте големината на погонската единица
за време на работата. Активирајте го затезниот лост
7 само доколку вртливото тркалце е во стартна
позиција. Со овие мерки на претпазливост ќе ги
избегнете можните повреди.
Висината на погонската единица 12 може да се подеси во
зависност од должината на алатот за вметнување и
големината на делот што се обработува.
Напомена: По подесувањето на висината на погонската
единица, мора одново да го проверите позиционирањето
на делот што се обработува со помош на вкрстените
ласерски линии. Доколку е потребно, одново подесете го
делот што се обработува.
Кочницата спречува, при отворен затезен лост, 7
погонската единица 12 случајно да се спушти. Повремено
проверете ја силата на затегање на кочницата и доколку е
потребно подесете ја (види „Поставување на кочницата на
погонската единица", страна 186).
1 609 92A 3XK | (30.6.17)
– Проверете, дали вртливото тркалце 11 е во стартна
.
позиција.
– Со една рака фатете го вртливото тркалце 11 а со
другата рака олабавете го затезниот лост 7 во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
– Со помош на вртливото тркалце, подесете ја висината
на погонската единица 12 соодветно на поставениот
алат за вметнување и висината на делот што се
обработува.
– Повторно зацврстете го затезниот лост 7 во правец на
стрелките од часовникот.
Напомена: Затезниот лост 7 има слободен тек, за да може
да се врти во удобна положба за заштеда на простор.
На зацврстениот затезен лост тргнете ја дршката од
погонската единица, свртете ја во саканата позиција и
оставете ја повторно да се врати во претходната положба.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За активирање на екранот14 свртете во прекинувачот
за вклучување/исклучување 13 во позиција
– За да го ставите електричниот апарат во употреба
свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување
13 во позиција
Сега може да го поставите бројот на вртежи (види
„Поставување на број на вртежи", страна 185).
Исклучување
– За завршување на дупчењето свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 13 во
позиција
.
или
– За комплетно исклучување на електричниот апарат
свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување
13 во позиција „0".
Совет: Електричниот апарат сега е без струја.
Моменталните поставки ќе се избришат.
Quick-Stop-функција
Со помош на Quick-Stop-функцијата,
електричниот апарат може брзо да се
исклучи, доколку на пр. алатот што се
вметнува се заглави во делот што се
обработува.
– Кратко и брзо притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување 13.
Електричниот апарат и екранот веднаш ќе се исклучат.
Совет: Електричниот апарат сега е без струја.
Моменталните поставки ќе се избришат.
.
.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis