Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Обем На Испорака - Bosch PBD 40 Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PBD 40:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
OBJ_BUCH-1183-007.book Page 183 Friday, June 30, 2017 3:12 PM
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Погонска единица 12 со столб за дупчење 4
– Основна плоча 1
– Брз затегнувач 3
– Паралелен граничник 19
– Внатрешен шестаголен клуч 23
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Монтажа на поединечните делови
(види слика A)
Пред првата употреба мора да го монтирате електричниот
апарат на следниот начин:
– Ставете го брзиот затегнувач 3 преку столбот за
дупчење 4.
– Поставете го столбот за дупчење 4 во основната плоча
1, така што чивиите-водилки 25 ќе се прифатат во
водечкиот жлеб 26.
– Цврсто затегнете го шрафот за прицврстување 24 со
клучот со внатрешна шестаголна глава 23.
Монтажа на работна површина (види слика B)
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 18.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Bosch Power Tools
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Замена на алатот (види слика C)
Погонската единица 12 фабрички се испорачува со
брзозатезна глава со две чаури 16.
Ставање на алатот за вметнување
– Свртете го сигурносниот прстен 27 во правец
„UNLOCK".
– Свртете за затезната чаура 29 во правец на стрелките
од часовникот додека не се вметне алатот за
вметнување 17.
– Вметнете го сосема алатот за вметнување 17, држете го
во прифатот за алат и рачно свртете ја затезната чаура
29 во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Притоа цврсто држете го затезниот прстен 28.
– Свртете го сигурносниот прстен 27 во правец „LOCK".
Напомена: При вметнување на мали бургии, прво
подесете го прифатот за алат на приближен дијаметар за
дупчење. Инаку постои опасност, бургијата да не може
правилно да се центрира.
Вадење на алатот за вметнување
– Свртете го сигурносниот прстен 27 во правец
„UNLOCK".
– Свртете за затезната чаура 29 во правец на стрелките
од часовникот додека не се извади алатот за
вметнување 17.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 По секое подесување, повторно зацврстете ги
шрафовите и затезниот лост на електричниот
апарат.
Подготовка за работа
Осветлување на работното поле (види слика D)
Погрижете се, непосредното работно поле да биде
доволно осветлено.
– За активирање на екранот14 свртете во прекинувачот
за вклучување/исклучување 13 во позиција
– Вклучете ја единицата за осветлување 22 со копчето
30.
На екранот 14 ќе се појави приказот „Light".
Прецизно позиционирајте го делот за обработка
(види слика E)
Ласерот со вкрстени линии ќе ви го покаже точното место
на дупчење.
Македонски | 183
.
1 609 92A 3XK | (30.6.17)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis