Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Редовно Одржување - Bosch 0 607 450 614 Originalbetriebsanleitung

Druckluft-schlagschrauber
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 5
OBJ_BUCH-275-003.book Page 180 Friday, December 6, 2013 3:12 PM
180 | Македонски
0 607 450 614
– Десен тек: За зашрафување на шрафови и мутери
свртете го прекинувачот за правец на вртење 4 во
правец на стрелките на часовникот на 1 (најнизок
вртежен момент), 2 или до крај (највисок вртежен
момент).
– Лев тек: За олабавување на шрафови и мутери свртете
го прекинувачот за правец на вртење 4 во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
0 607 450 615/... 616/... 618/... 619
– Десен тек: За зашрафување на шрафови и мутери
свртете го прекинувачот за правец на вртење 4 во
правец спротивен на стрелките на часовникот на 1
(најнизок вртежен момент), 2 или до крај на 3 (највисок
вртежен момент).
– Лев тек: За олабавување на шрафови и мутери свртете
го прекинувачот за правец на вртење 4 во правец на
стрелките од часовникот.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 10. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
– За Вклучување на пневматскиот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
Напомена: Потребниот вртежен момент и времетраењето
на постапката на одвртувањето зависат од видот на
сврзувањето и може да се одредат со практичен обид.
Проверете го зашрафувањето со електронски мерен уред
за вртежен момент или момент-клуч. Откако ќе ги
дознаете оптималниот вртежен момент и времетраењето
на постапката на одвртувањето, во следните слични
процеси на одвртување 9 секогаш држете го притиснат
исто време.
Совети при работењето
 Алатот за вметнување ставете го на
мутерот/шрафот само доколку е исклучен
одвртувачот. Ротирачкиот алат за вметнување може да
се слизне од мутерот/шрафот.
 При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
3 609 929 C44 | (6.12.13)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
По секое одржување проверете го бројот на вртежи со
помош на уред за мерење на бројот на вртежи и проверете
дали пневматскиот алат има зголемени вибрации.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Редовно чистење (види слика C)
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 7 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
Честичките вода и нечистотија што ги
содржи компресираниот воздух може да
предизвикаат создавање на р'ѓа и
истрошеност на ламелите, вентилите итн. За
да се спречи ова, во доводот за воздух 5
треба да капнете неколку капки моторно масло. Повторно
приклучете го пневматскиот алат на напојување со воздух
(види „Приклучок на напојувањето со воздух",
страна 179) и оставете го да работи 5 –10 с, додека не го
соберете маслото што капе со една крпа. Доколку
пневматскиот алат не се користи подолго време, оваа
постапка треба да ја повторите.
Редовно одржување
Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат од
стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
Подмачкување на пневматскиот алат
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
По околу 100000 зашрафувања ударниот механизам
мора да се подмачка. Притоа, свртете го ударниот
одвртувач, така што дршката ќе покажува нагоре.
Отшрафете го шрафот за затворање 15 со соодветен
внатрешен шестаголен клуч (види „Технички податоци")
во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Еколошки испразнете го старото масло. Наполнете
моторно масло во отворот на шрафот за затворање во
ударниот механизам. Количината на моторното масло што
треба да се наполни погледнете ја во табелата за моторно
масло (види „Технички податоци". Вишокот масло
избришете го со мека крпа. Повторно зашрафете го
шрафот за затворање 15 во правец на стрелките на
часовникот.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis