Herunterladen Diese Seite drucken

CYBEX Gold SIRONA Gi i-Size Bedienungsanleitung Seite 100

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für SIRONA Gi i-Size:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
СЕРТИФИКАЦИЈА
Sirona Gi i-Size
ОН R129/03
Опсег на големина:
61 – 105 см
Тежина: макс. 20 кг
Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Sirona Gi
i-Size за вашиот автомобил.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го монтирате
седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го при рака за
идно користење.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Монтирањето на ова седиште за автомобил на предното
патничко седиште со активирано предно воздушно перниче
НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.
Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
Со цел детето да се заштити правилно, задолжително е да го користите
седиштето за автомобил како што е опишано во овa Упатство за
корисник.
Не користете седиште за автомобил завртено нанапред пред детето да
биде на возраст од 15 месеци и да достигне должина од 76 см.
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
MK
согласност со прирачникот на возилото.
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани
во упатството и означени на детскиот систем за врзување.
Скутните каиши на сигурносниот каиш мора да минуваат што е можно
пониско преку слабините на детето за да имаат максимален ефект
при судир.
Пред секое патување треба да се погрижите дека сигурносниот каиш
со пет точки на прицврстување е приспособен правилно и дека е
добро прицврстен на телото на детето. Каишите никогаш не смее да се
превиткуваат!
96
SIRONA GI I-SIZE
i-Size universal ISOFIX
61–105 cm
max. 20 kg
030093
UN Regulation No. 129/03
Cybex GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди
на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да гарантира
дека каишите за рамена се поставени соодветно.
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и
прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.
Потпорната ногалка мора секогаш да биде во директен контакт со подот
на возилото. Ако возилото има простор за складирање во просторот
за нозе, треба да контактирате со производителот на возилото за да
бидете сигурни дека возилото ја поддржува потпорната ногалка.
Додека возите, седиштето за автомобил мора секогаш да биде закочено
завртено наназад или нанапред.
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е
заглавено на некоја површина кога ја затворате вратата на возилото или
кога го приспособувате задното седиште.
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Бидете сигурни дека се употребува само
оригинална навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен
елемент што овозможува седиштето да функционира правилно.
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
Некои делови од овој систем за врзување на дете може да се загреат
кога се изложуваат на директна сончева светлина и би можеле да
предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете го вашето дете и
седиштето за автомобил од директно изложување на сончева светлина.
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за
автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на сообраќајна
несреќа, ве молиме да го замените седиштето за автомобил. Ако се
двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или
белила!
На некои седишта на возилото изработени од чувствителни материјали,
користењето може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За
да го спречите ова, може да ставите ќебе, крпа или сличен предмет под
седиштето за автомобил за да го заштитите седиштето на возилото.
Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 8 години.
Седиштето на возилото е изложено на големо оптоварување за време
на рокот на траење, што води до промени во квалитетот на неговите
материјали со минување на времето.

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

524001443