Herunterladen Diese Seite drucken

Philips HD5416 Benutzerhandbuch Seite 146

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für HD5416:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 18
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ја искористите поддршката која
ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот и зачувајте ги
за во иднина.
Опасност
-
Никогаш не го потопувајте уредот во вода или каква било друга течност.
Предупредување
-
Пред да го поврзете уредот, проверете дали напонот наведен на уредот одговара на напонот
од локалната електрична мрежа.
-
Поврзете го уредот со заземјен ѕиден електричен приклучок.
-
Немојте да го користите уредот ако приклучокот, кабелот за напојување или самиот уред е
оштетен.
-
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да ви го замени Philips, сервисен центар овластен од
Philips или слични квалификувани лица, со цел да се избегне опасност.
-
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со
намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство
и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на
безбеден начин и ако ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат
и одржуваат уредот, освен ако не се постари од 8 години и се под надзор. Чувајте ги уредот и
неговиот кабел надвор од дофат на деца помали од 8 години.
-
Децата не треба да си играат со уредот.
-
Не оставајте кабелот за струја да виси над работ на масата или работната површина на која
стои уредот.
-
Користете го овој уред само за наменетата цел за да избегнете потенцијална опасност или
повреда.
Внимание
-
Секогаш плакнете го уредот со свежа вода пред првата употреба.
-
Не ставајте го уредот на жешки површини и внимавајте кабелот за струја да не биде во
контакт со жешки површини.
-
Не ставајте го уредот во шкаф додека се користи.
-
Исклучувајте го уредот пред да го чистите и доколку се појават проблеми при варењето.
-
Секогаш чистете го уредот дури откако ќе се излади.
-
За време на варењето и одржувањето на температурата, па дури и некое време после тоа,
резервоарот за вода, држачот на филтерот, ринглата, долниот дел на уредот и садот полн со
кафе се жешки.
-
Не ставајте го садот на рингла или во микробранова печка за загревање на свареното кафе.
-
Овој уред е наменет за користење во домаќинства и во слични услови, како што се
викендички, сместувачки капацитети за ноќевање со појадок, кујнски простории за
вработените во продавници, канцеларии и други работни средини, како и од страна на
клиентите во хотели, мотели и други капацитети за престој.
-
Секогаш носете го уредот во сервисен центар овластен од страна на Philips за испитување
или поправка. Не отворајте го уредот и не обидувајте се сами да го поправате.
-
Површината на грејачот, држачот на филтерот, долниот дел на уредот, ринглата и садот полн
со кафе се жешки се изложени на остаточна топлина некое време по употребата.
-
Доколку не е наведено поинаку, сиот материјал за пакување во кутијата е направен од
рециклирана хартија; погледнете ја ознаката PAP што се наоѓа на кутијата.
Македонски
147

Werbung

loading