Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Избирање На Место За Поставување На Надворешната Единица; Инсталација; Хидраулична Инсталација; Електрична Инсталација - Vaillant climaVAIR intro VAIL1-025WNO Installations- Und Wartungsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
4.4
Избирање на место за поставување на
надворешната единица
1.
Внимавајте на потребните минимални растојанија.
Напомена
Со цел лесно да се стигне до сервис-
ните вентили на страната на надвореш-
ната единица, таму се препорачува мини-
мално растојание од 50 cm.
2.
При изборот на местото за поставување имајте
предвид, дека производот за време на работата
може да ги пренесе вибрациите на подот или на ѕи-
довите во близина. Затоа, доколку е можно, монти-
рајте го производот со доволно растојание до ѕидо-
вите и прозорците.
3.
Монтирајте ја надворешната единица со мини-
мално растојание од 3 cm од подот за да можете да
го инсталирате водот за одвод на кондензат под
надворешната единица.
4.
Доколку надворешната единица се монтира во сто-
ечка позиција на подот, тогаш осигурајте се дека
подот ја има потребната носивост.
5.
Доколку надворешната единица се монтира на фа-
сада, тогаш осигурајте се дека ѕидот, како и носа-
чот ја имаат потребната носивост.
5
Инсталација
5.1
Хидраулична инсталација
5.1.1
Приклучување на водови за средство за
ладење на надворешна единица
Напомена
Инсталацијата е полесна, доколку прво се пов-
рзе цевката за гас. Цевката за гас е подебе-
лата цевка.
1.
Монтирајте ја надворешната единица на предвиде-
ното место.
2.
Отстранете ги заштитните приклучоци од запорните
вентили на водовите за средство за ладење на над-
ворешната единица.
3.
Внимателно свиткајте ги инсталираните водови за
средство за ладење во правецот на надворешната
единица.
4.
Ставете ги навртките на водовите за средство за
ладење и извршете фланширање.
5.
Поврзете ги водовите за средство за ладење со
соодветните запорни вентили на надворешната
единица.
6.
Оставете ги запорните вентили затворени.
7.
Запечатете ги точките на раздвојување на топлин-
ската изолација со изолациона лента.
5.1.2
Планирање на поврат на масло кон
компресорот
Колото на средство за ладење содржи специјално масло,
што го подмачкува компресорот на надворешната еди-
ница. За полесно повлекување на маслото во компресо-
рот:
54
Ако е можно, внатрешната единица позиционирајте ја
малку повисоко од надворешната единица.
Монтирајте ја цевката за всисување (најдебелата) со
косината кон компресорот.
Кај висини над 7,5 m:
Дополнително инсталирајте сифон или сепаратор за
масла на секои 7,5 метри, во коишто ќе се собираат
маслата и од кои ќе може да се всиса, за потоа да се
врати назад во надворешната единица.
Монтирајте колено пред надворешната единица, за
дополнително да го подобрите повратот на маслото.
5.2
Електрична инсталација
5.2.1
Електрична инсталација
Опасност!
Опасност по живот поради струен удар
Доколку ги допрете компонентите коишто
спроведуваат напон, постои опасност по
живот поради струен удар.
Извлечете го струјниот приклучок. Или
исклучете го производот без напон
(разделник со најмалку 3 mm отвор
меѓу контактите, на пр. осигурувач или
прекинувач за јачина).
Обезбедете го од повторно вклучу-
вање.
Почекајте најмалку 30 мин., додека не
се испразнат кондензаторите.
Проверете дали има напон.
Поврзете ја фазата и заземјувањето.
Премостете ги фазата и нулта спровод-
никот.
Покријте или оградете ги соседните
делови под напон.
Електричната инсталација треба да биде извршена
од електроинсталатер.
5.2.2
Подготовка на електричната инсталација
1.
Исклучете го производот од напојување.
2.
Почекајте најмалку 30 мин., додека не се испразнат
кондензаторите.
3.
Проверете дали има напон.
4.
Инсталирајте заштитен прекинувач за диферен-
цијална струја од типот B, доколку тоа е пропишано
за местото на инсталација.
5.2.3
Поврзување
1.
Употребете кабелски уводници.
2.
Доколку е потребно, правилно скратете го приклуч-
ниот вод.
30 mm max.
3.
За да избегнете краток спој при невнимателно ола-
бавување на една жица, оголете ја надворешната
обвивка на еластичниот кабел макс. 30 mm.
Упатство за инсталација и одржување 0020319937_01

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis