2
Важни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги следните информации.
Непочитувањето на овие
информации може да предизвика
повреди или материјална штета.
И гаранцијата и заложбите за
доверливост нема да бидат важечки.
Работниот век на купениот производ
е 10 години. Во текот на овој период
треба да се чуваат потребните
резервни делови за да може да
работи производот како што е
опишано.
Наменета употреба
Овој производ е наменет да се
користи
– во затворени простории како што се
домови,
– во затворени работни средини како
што се продавници и канцеларии,
– во затворени простории за
сместување како што се објекти на
селскиот туризам, хотели, пансиони.
• Овој производ не смее да се
користи на отворено.
Општа безбедност
•
Ви препорачуваме да се
консултирате со локалниот
авторизиран сервис и со
овластените институции за да ги
добиете неопходните информации
кога ќе сакате да го фрлите /
одложите производот.
•
Консултирајте се со овластен
сервис за сите прашања и
проблеми поврзани со ладилникот.
Не интервенирајте ниту не пуштајте
друг да интервенира на ладилникот
без да го известите овластениот
сервисер.
•
За производите од одделот
на замрзнувачот - Не јадете
сладолед во корнет или коцки
мраз веднаш по вадење од
одделот за замрзнување! (Може
да предизвикате смрзнатини на
устата.)
•
За производите во одделот на
замрзнувачот - Не ставајте пијалаци
во шише или конзерва во одделот
на замрзнувачот. Инаку, тие може
да пукнат.
•
Не допирајте ја замрзната храна
со рака, може да ви се залепи за
раката.
•
Исклучете го ладилникот од струја
пред чистење или одмрзнување.
•
Испарувачи и материјали за
чистење што испаруваат не смее
никогаш да се користат за чистење
и за процесот на одмрзнување
на ладилникот. Во тие случаи,
испарувањето може да дојде во
контакт со електричните делови
и да предизвика краток спој или
електричен удар.
•
Никогаш не користете делови од
ладилникот како што е вратата за
потпора или расчекор.
•
Не користете електрични уреди во
внатрешноста на ладилникот.
•
Не оштетувајте ги деловите
каде што циркулира фреонот со
дупчалки или алатки за сечење.
Фреонот може да прсне и може да
предизвика иритација на кожата
и повреда на очите кога ќе се
дупнат каналите за испарувањата,
продолжетоците на цевките или
површинските премази.
•
Не покривајте ги или не блокирајте
ги отворите за вентилација
на ладилникот со каков било
материјал.
•
Електричните делови мора да ги
поправи само овластено лице.
Поправките што ги извршиле
некомпетентни лица може да
предизвикаат ризик за корисникот.
4
MK