Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 18V-216 D Professional Originalbetriebsanleitung Seite 325

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (34).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (1), ако го
заглавува механизмот за влечење (2). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Извлечете го граничникот за длабочина (39) нагоре.
– За фиксирање на масата за сечење (12) затегнете го
копчето за фиксирање (16).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (7) надолу,
додека транспортниот осигурувач (34) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Поместување на граничната водилка (види слика H)
При сечење на хоризонтални и/или вертикални агли со закосување во зависност од правецот на сечење, мора да ја
извлечете нанадвор одн. сосема да ја извадите левата или десната подеслива гранична водилка (26).
Вертикален
Хоризонтален
агол на
агол на
закосување
закосување
0°–22,5°
> 0°
(лево/десно)
22,5°−47°
≤ 48°
(лево/десно)
(лево/десно)
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика I)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот за
обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за
добро да се прицврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (26) и (25).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (41) во
отворите предвидени за таа намена (42).
– Прилагодете ја навојната прачка (40) на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (40) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Bosch Power Tools
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Продолжување/проширување на масата за пила
(види слики F−G)
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се продолжи на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (23).
– Олабавете ја завртката за затворање (22).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (23) до саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење
повторно затегнете ја завртката за затворање (22).
Флексибилниот систем за приклучување на основите на
делот за обработка (24) ви овозможува различни опции
за продолжување или проширување.
– По потреба, приклучете ја основата на делот за
обработка (24) во прифатите (47) на електричниот
алат или во прифатите (48) на втората основа на делот
за обработка.
Никогаш не го носете електричниот алат за
u
основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат,
користете ги секогаш уредите за транспорт.
– Олабавете ја левата/десната завртка за блокада (44).
– Целосно извлечете ја нанадвор левата/десната подеслива гранична
водилка (26).
– Олабавете ја левата/десната завртка за блокада (44).
– Целосно извлечете ја нанадвор левата/десната подеслива гранична
водилка (26).
– Подигнете ја подесливата гранична водилка нагоре.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (20):
лево
45°; 30°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (16), доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот (17) и свртете ја масата за пила
(12) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
Македонски | 325
десно
15°; 22,5°; 30°; 45°
1 609 92A 8HU | (20.12.2022)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis