Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 18V-216 D Professional Originalbetriebsanleitung Seite 324

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
324 | Македонски
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Вклучете го електричниот алат и извадете ја
батеријата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика C)
За едноставно собирање на струготините користете ја
испорачаната ќеса за прав (37).
– Поставете ја транспортната дршка (3) вертикално.
– Прикачете и свртете ја ќесата за прав (37) во
адаптерот за всисување (50), така што пинот на ќесата
за прав ќе се вклопи во жлебот на адаптерот за
всисување.
За време на сечењето, кесата за прав никогаш не треба
да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја кесата за прав.
Проверете ја и исчистете ја ќесата за прав по секоја
u
употреба.
За да избегнете опасност од пожар, при сечење на
u
алуминиум, извадете ја ќесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на адаптерот за всисување (50) може да
приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
– Поврзете го со цревото за всисување на прав со
адаптерот за всисување (50).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика
D1−D4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
1 609 92A 8HU | (20.12.2022)
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (10)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (51) со клучот со внатрешна шестаголна глава
(6 mm) (43) и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното (31), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (31) и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (51) во правец на стрелките на часовникот (лев
навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (52).
– Извадете го сечилото за пилата (30).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (10)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (53).
– Поставете ги стезната прирабница (52) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (51). Притиснете ја
блокадата на вретеното (31) додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач (34) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (7),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (34).
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis