Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 18V-216 D Professional Originalbetriebsanleitung Seite 323

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Заради олеснување на работата, при монтажата
внимавајте на испорачаните елементи на уредот,
бидејќи електричниот алат е во транспортна позиција.
Монтирање на основата на делот за обработка (види
слика A1)
Основата на делот за обработка (24) може да се
позиционира лево, десно или напред на електричниот
алат. Флексибилниот систем за приклучување ви
овозможува различни опции за продолжување или
проширување (види слика G).
– По потреба, приклучете ја основата на делот за
обработка (24) во прифатите (47) на електричниот
алат или во прифатите (48) на втората основа на делот
за обработка.
Никогаш не го носете електричниот алат за
u
основите на делот за обработка.
За транспортирање на електричниот алат,
користете ги секогаш уредите за транспорт.
Монтирање на тркалото за стегање (види слика A2)
Тркалото за стегање (45) го фиксира поставениот
вертикален агол на закосување и е потребен за безбедна
работа.
– Одвртете ја шестоаголната навртка од навојните
болцни (49).
– Завртете го тркалото за стегање (45) во правецот на
стрелките на часовникот на навојните болцни (49) и
затегнете го.
Монтирање на подеслива гранична водилка (види
слика A3)
Подесливата гранична водилка (26) мора да се монтира
пред сечењето.
– Турнете ја граничната водилка (26) десно од сечилото
за пила во соодветниот жлеб и затегнете ја завртката
за блокада (44).
Израмнетиот дел од граничната водилка мора да биде
свртен навнатре кон сечилото на пилата.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика B1−B2)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (13).
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со
обични столарски стеги на работната површина.
Bosch Power Tools
Монтажа на работна маса на Bosch
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на
електричниот алат на секоја подлога со помош на
ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за
делот што се обработува на работната маса служат како
потпора на подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!) (види
слика B3)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот алат на рамна и стабилна
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување.
Без заштитата од превртување, електричниот алат
u
нема да биде стабилен и може да се преврти при
сечење на максимални хоризонтални и/или
вертикални агли на закосување.
– Свртете ја заштитата од превртување (18) навнатре
или нанадвор додека електричниот алат не застане
рамно на работната површина.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Македонски | 323
1 609 92A 8HU | (20.12.2022)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis