Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Panasonic WH-ADC0309K3E5 Installationshandbuch Seite 818

Luft/wasser-hydromodul + speicher
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für WH-ADC0309K3E5:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 239
Не додавајте или не заменувајте разладно средство што не е од наведениот тип. Може да предизвикате оштетување на производот, пукнување на цевките и повреда итн.
Не поставувајте садови со течности над единицата на резервоарот. Ова може да предизвика оштетување на резервоарот и/или може да дојде до пожар доколку садовите протекуваат или се излеат врз
единицата на резервоарот.
Не користете дополнителен кабел како кабел за поврзување на единицата на резервоарот/надворешната единица. Употребете го наведениот кабел за поврзување на единицата на резервоар/надворешната
единица, погледнете во упатството
го кабелот за да не може влијанијата на надворешните сили да влијаат на терминалот. Ако врската или фиксирањето не се изведени совршено, тоа може да предизвика загревање или пожар.
За електрични работи, следете ја националната регулатива, законодавството и овие упатства за инсталација. Мора да се користи независно коло и единичен штекер. Ако капацитетот на електричното коло не
е доволен или има дефект во електриката, тоа ќе предизвика струен удар или пожар.
За работи поврзани со инсталација на водоводни кола, следете ги релевантните европски и национални прописи (вклучително EN61770) и локалните кодови за регулација на водовод и градба.
Ангажирајте овластен дилер или специјалист за инсталација. Доколку инсталацијата извршена од страна на корисникот е неправилна, ова ќе предизвика истекување на вода, струен удар или пожар.
Ова е модел R32, користете цевки, навртки и алат наведен за разладно средство R32. Користењето на постоечките цевки (R22), навртки и алат може да предизвика абнормално висок притисок во циклусот
на разладно средство (цевките) и може да резултира со експлозија и повреда.
Дебелината на бакарните цевки што се користат со R32 мора да бидат подебели од 0,8 mm. Никогаш не користете бакарни цевки потенки од 0,8 mm.
Ако посакуваната количина на резидуално масло е помала од 40 mg/10 m.
При инсталирање или преместување на единицата на резервоарот, не дозволувајте друга супстанција освен наведеното разладно средство, на пример, воздух итн., да се измеша во циклусот на разладување
(цевки). Ако навлезе воздух или друга супстанца, може да се предизвика абнормално висок притисок во циклусот на разладување и тоа да резултира со експлозија, повреда итн.
Ако работите на системот за разладување, инсталирајте строго според упатствава за инсталација. Ако инсталацијата е дефектна, може да се предизвика протекување на вода, струен удар или пожар.
Инсталирајте на цврста и тврда подлога која може да ја издржи тежината на комплетот. Ако локацијата не е доволно цврста или инсталацијата не е извршена соодветно, апаратот може да падне и да
предизвика повреди.
Строго се препорачува оваа опрема да се инсталира со уред за заштита од резидуална струја (RCD) на локацијата согласно соодветните национални правила за ожичување или безбедносни мерки специфични
за земјата во однос на резидуалната струја.
За време на инсталацијата, инсталирајте ги цевките за разладно средство соодветно пред да го вклучите компресорот. Ако компресорот работи без фиксирање на цевките за разладно средство и додека
вентилите се отворени, може да предизвика вшмукување воздух, абнормално висок притисок во циклусот на разладување и тоа да резултира со експлозија, повреда итн.
За време на испумпување, исклучете го компресорот пред да ги отстраните цевките за разладување. Отстранувањето на цевките за разладно средство додека компресорот работи и вентилите се отворени,
може да предизвика вшмукување воздух, абнормално висок притисок во циклусот на разладување и тоа да резултира со експлозија, повреда итн.
Затегнете ја навртката со клуч крцкало според наведениот метод. Ако ја затегнете навртката премногу, по подолго период може да се скрши цевката и да протече разладно средство.
Откако ќе завршите со инсталацијата, проверете дали некаде протекува разладно средство. Може да се создаде отровен гас кога разладното средство ќе дојде во контакт со оган.
Проветрете доколку има истекување на разладен гас за време на работењето. Може да се создаде отровен гас кога разладното средство ќе дојде во контакт со оган.
При инсталација, употребете ги доставените додатоци и наведените делови. Во спротивно, ќе дојде до паѓање на комплетот, истекување на вода, пожар или струен удар.
Употребете ги единствено испорачаните или наведените делови за инсталација. Во спротивно, може да дојде до појава на вибрации, паѓање, истекување вода, струен удар или пожар.
Изберете локација каде што во случај на истекување на вода, истекувањето нема да предизвика оштетување на друг имот.
Кога инсталирате електрична опрема во дрвен објект, не смее да има никаков електричен контакт помеѓу опремата и објектот во согласност со стандардот за електрични инсталации. Мора да се користи
изолација помеѓу објектот и инсталацијата.
Каква било работа извршена врз единицата на резервоар по отстранувањето на кој било од панелите што се прицврстени со шрафови, мора да се извршува под надзор на дилер и лиценциран изведувач
на инсталација.
Овој систем претставува апарат со повеќе извори на напојувања. Сите кола мора да се исклучат пред да пристапите до терминалите на единицата.
За доводот на ладна вода има регулатор за повратен проток, неповратен вентил или водомер со неповратен вентил, но мора да се обезбедат решенија за термално проширување на водата во системот за
топла вода. Во спротивно ова ќе предизвика истекување на водата.
Деловите за инсталација на цевки мора да се исплакнат пред да се поврзе единицата на резервоарот за да се отстранат нечистотиите. Нечистотиите може да ги оштетат компонентите на единицата на
резервоарот.
Оваа инсталација може да биде предмет на одобрение за градежна регулатива применлива во соодветната земја при што може да биде потребно да биде известена локалната власт пред инсталацијата.
Единицата на резервоарот мора да биде испорачана и складирана во исправена состојба и на суво место. Може да се постави на задната страна кога ќе се премести во објектот.
Работата извршена врз единицата на резервоарот по отстранувањето на капакот од предната плоча што е прицврстена со шрафови, мора да се изврши под надзор на овластен застапник, лиценциран
изведувач на инсталација, квалификувано лице и обучено лице.
Внимавајте бидејќи разладните средства може да немаат мирис.
Опремата мора соодветно да се заземји. Водот за заземјување не смее да биде поврзан со гасоводна цевка, водоводна цевка, громобран и телефонска инсталација. Во спротивно, може да предизвика струен
удар доколку настане дефект на опремата или изолацијата.
Не инсталирајте ја единицата на резервоар на место каде што може да дојде до истекување на запалив гас. Во случај на протекувања на гас и негово акумулирање околу единицата, може да се предизвика
пожар.
Спречете течност или пареа да навлезе во шахти или канализација бидејќи пареата е потешка од воздухот и може да формира задушувачка средина.
Не испуштајте разладно средство за време на работата на цевките, како при инсталација, повторна инсталација и поправки на делови за разладно средство. Внимавајте на течното разладно средство, може
да предизвика замрзнатини.
Не го инсталирајте овој апарат во перална или друга локација со висока влажност. Оваа состојба ќе предизвика 'рѓа и оштетување на уредот.
Осигурете дека изолацијата на кабелот за напојување не доаѓа во контакт со топлиот дел (односно, цевки за разладно средство, цевки за вода) за да спречите дефект на изолацијата (топење).
Не применувајте прекумерна сила врз водоводните цевки бидејќи цевките може да се оштетат. Доколку дојде до истекување на вода, тоа ќе предизвика поплава и оштетување на други имоти.
Не транспортирајте ја единицата на резервоарот со вода во единицата. Ова може да предизвика оштетување на единицата.
Изведете ги цевките за дренажа како што е наведено во упатствата за инсталација. Доколку дренажата не е соодветно изведена, водата може да навлезе во просторијата и да го оштети мебелот.
Изберете локација на изолација која е лесна за одржување.
Неправилната инсталација, сервисирање или поправка на оваа единица на резервоар да го зголеми ризикот од пукање и тоа може да резултира со повреда и/или загуба или оштетување на имот.
Поврзување за напојување со струја на единицата на резервоарот.
Изворот за напојување со струја треба да биде на лесно достапно место заради исклучување на струјата во итни случаи.
Мора да се следи локалниот национален стандард за ожичување, регулативата и ова упатство за инсталација.
Строго се препорачува да се воспостави трајно поврзување со прекинувач.
8 За единица на резервоар WH-ADC0309K3E5 и WH-ADC0309K3E5AN:
- Напојување 1: За WH-UDZ03KE5* и WH-UDZ05KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 15/16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
8 За единица на резервоар WH-ADC0309K6E5 и WH-ADC0309K6E5AN:
- Напојување 1: За WH-UDZ03KE5* и WH-UDZ05KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 15/16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 30 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
2
ПОВРЗУВАЊЕ НА КАБЕЛОТ СО ЕДИНИЦАТА НА РЕЗЕРВОАРОТ и поврзете го цврсто за поврзувањето на единицата за резервоар/надворешната единица. Затегнете
4
За WH-UDZ07KE5* и WH-UDZ09KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 25 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
За WH-UDZ07KE5* и WH-UDZ09KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 25 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
ПРЕТПАЗЛИВО

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis