Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Panasonic WH-ADC0309K3E5 Installationshandbuch Seite 817

Luft/wasser-hydromodul + speicher
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für WH-ADC0309K3E5:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 239
Прирачник за инсталација
ХИДРОМОДУЛ ВОЗДУХ-ВОДА + РЕЗЕРВОАР
WH-ADC0309K3E5, WH-ADC0309K3E5AN, WH-ADC0309K6E5, WH-ADC0309K6E5AN
ПРЕТПАЗЛИВО
РАЗЛАДНО СРЕДСТВО
Овој ХИДРОМОДУЛ ВОЗДУХ-ВОДА + РЕЗЕРВОАР содржи и работи со
разладно средство R32.
ПРОИЗВОДОВ МОРА ДА СЕ ИНСТАЛИРА ИЛИ СЕРВИСИРА САМО ОД
КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.
Погледнете ги националните, државните, територијалните и локалните
закони, регулативи, кодови, прирачници за инсталација и работа пред
инсталирањето, одржувањето и/или сервисирањето на производов.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Внимателно прочитајте ги следните „БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ" пред да го инсталирате хидромодулот воздух-вода + резервоарот (во понатамошниот текст „Единица на резервоар").
Електричните работи и работите за инсталација на вода мора да ги извршува лиценциран електричар и лиценциран инсталатер на водоводен систем. Осигурете дека користите правилно напојување и главно коло за моделот
што треба да се инсталира.
Мерките на претпазливост што се наведени овде мора да се следат бидејќи се важни и поврзани со безбедноста. Значењата на секоја од индикациите се наведени долу. Неправилната инсталација поради непознавање или
непочитување на упатствата ќе предизвика штета или оштетување, а сериозноста се класифицира според следните индикации.
По инсталацијата, оставете го овој прирачник за инсталација кај единицата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕТПАЗЛИВО
Ставките што треба да се следат се класифицирани според симболите:
Извршете проверка со тестирање за да потврдите дека не се појавуваат абнормалности по инсталацијата. Потоа објаснете му на корисникот како функционира, како треба да се грижи и како треба да врши одржување според упатствата.
Потсетете го корисникот да ги чува упатствата за работа за идна употреба.
Ако се сомневате во процедурата на инсталација или работа, секогаш контактирајте со овластениот дилер за совет и информации.
Не користете начини за забрзување на процесот на одмрзнување или за чистење освен тие препорачани од производителот. Кој било начин што не одговара или кој било
некомпатибилен материјал може да предизвика оштетување на производот, пукнување на цевките и сериозна повреда.
Не користете ненаведен тип на кабел за струја, модифициран кабел за струја или продолжен кабел за напојување. Не користете ист штекер за повеќе електрични
апарати. Слабиот контакт, слабата изолација или прекумерната струја може да предизвикаат струен удар или пожар.
Не врзувајте го кабелот за струја во сноп. Може да се појават абнормални температури на кабелот за струја.
Чувајте ја пластичната амбалажа (материјалот од пакувањето) подалеку од мали деца, бидејќи таа може да им се закачи за носот и устата и да се задушат.
Не користете клуч за цевки за да инсталирате цевка за разладно средство. Може да ја изобличите цевката и да предизвикате дефект на единицата.
Не купувајте неовластени електрични делови за инсталација, сервисирање и одржување итн. Може да предизвикаат струен удар или пожар.
Не продупчувајте или не горете го апаратот бидејќи е под притисок. Не изложувајте го апаратот на топлина, пламен, искри или други извори на запалување.
Инаку може да експлодира и да предизвика повреда или смрт.
WEB-ACXF60-48280-MK
R32
Оваа индикација ја покажува можноста за предизвикување смрт или сериозна повреда.
Оваа индикација ја покажува можноста за предизвикување повреда или имотно оштетување.
Симбол со бела заднина означува дека нешто е ЗАБРАНЕТО.
Симбол со темна заднина означува нешто што мора да се изврши.
Потребен алат за инсталација
1 Крстач
2 Либела
3 Дупчалка, бургија со
нарежувач за отвор (ø70 mm)
4 Шестоаголен клуч (4 mm)
5 Француски клуч
6 Секач на цевки
7 Израмнувач
8 Нож
9 Детектор за протекување гас
10 Метро
Објаснување на симболите прикажани на внатрешната единица или надворешната единица.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
11 Термометар
12 Мегаметар
13 Мултиметар
14 Клуч крцкало
18 N•m (1,8 kgf•m)
55 N•m (5,5 kgf•m)
58,8 N•m (5,8 kgf•m)
65 N•m (6,5 kgf•m)
117,6 N•m (12,0 kgf•m)
15 Вакуумска пумпа
16 Разгранет мерач
17 Заштитни ракавици
Симболов покажува дека опремата користи
запаливо разладно средство. Ако разладното
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
средство протече, изложувањето на надворешен
извор на запалување предизвикува ризик за пожар.
Симболов покажува дека внимателно треба да се
ПРЕТПАЗЛИВО
следи прирачникот за инсталација.
Симболов покажува дека сервисниот персонал
ПРЕТПАЗЛИВО
треба да ракува со опремава следејќи го
прирачникот за инсталација.
Симболов покажува дека има информации
ПРЕТПАЗЛИВО
вклучени во прирачникот за работа и/или за
инсталација.
МАКЕДОНСКИ
1

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis