Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTR Professional 550 Originalbetriebsanleitung Seite 168

Trockenbauschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

168 | Македонски
Пред да поставите нов брусен лист, отстранете ја
нечистотијата и правта од средната подлога (15), на пр.
со четка.
Површината на средната подлога (15) се состои од
лепенка, така што брусните листови со лепенка може
брзо и едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го брусниот лист (14) на долната
страна на средната подлога (15).
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист (14) да
одговараат со отворите на средната подлога (15) и
дупките на брусниот диск (17).
Напомена: При употреба на средно тврд брусен диск
(опрема) не е потребна средна подлога (15), брусниот
лист (14) директно се прицврстува на брусниот
диск (17). Освен тоа, промената се врши како што е
опишано овде.
Избор на брусен диск
Сет меки брусни
– за универзална употреба на рамни
A)
дискови
и заоблени површини
(2 608 000 766)
– Сетот се состои од мек брусен диск
и средна подлога (2 608 000 765).
Брусниот диск може да се користи
само со средна подлога.
Средно тврди
– висок капацитет на отстранување,
идеален за тврд гипс и
брусни дискови
отстранување на стари ѕидни бои
(2 608 000 764)
– за употреба на рамни површини
– Оптималната помош за всисување
ја олеснува работата при употреба
на всисувачот.
A) Стандарден обем на испорака
Менување на средна подлога (види слика A)
При употреба на мек брусен диск (стандарден опсег на
испорака), секогаш мора да се користи средна
подлога (15).
За вадење на средната подлога (15) подигнете ја
странично и извлечете ја од брусниот диск (17).
Пред да ставите нова средна подлога, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск (17), на пр. со
четка.
Површината на брусниот диск (17) се состои од лепенка,
така што средната подлога ќе може брзо и едноставно да
се прицврсти.
Цврсто притиснете ја средната подлога (15) на долната
страна на брусниот диск (17).
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на средната подлога (15) да
одговараат со дупките на брусниот диск (17).
Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (17).
1 609 92A 7KA | (28.03.2022)
Извлечете го брусниот лист (14) и средната подлога (15).
Целосно одвртете ја завртката (16) и извадете го
брусниот диск (17). Ставете го новиот брусен диск (17) и
повторно затегнете ја завртката.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се
замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вметнување/вадење на продолжната цевка
(види слики C−D)
Вметнете ја продолжната цевка (10) само по потреба:
при работење без продолжна цевка, силата потребна за
брусење значително се намалува.
Напомена: може да се користат најмногу 2 продолжни
цевки.
Олабавете го поврзувањето помеѓу главата за
брусење/делот за држење/продолжната цевка (види
слика C):
– ➊ Отворете го затегнувачкиот лост (9).
– ➋ Отворете ја куката за заклучување (8).
– ➌ Извлечете ги претходно поврзаните делови.
Заклучете го поврзувањето помеѓу главата за
брусење/делот за држење/продолжната цевка (види
слика D):
– ➍ Во зависност од саканото поврзување вметнете ја
главата за брусење (11), делот за држење (7) одн.
продолжната цевка (10) едно во друго.
– ➎ Затворете ја куката за заклучување (8).
– ➏ Притиснете го затегнувачкиот лост (9) додека не
биде под прав агол на главата за брусење (11), делот
за држење (7) одн. продолжната цевка (10).
– ➐ Цврсто затегнете ја ексцентричната завртка (21).
– ➑ Затворете го затегнувачкиот лост  (9).
Проверете дали сите спојки се добро прицврстени и
поврзани со куката за заклучување (8) и затегнувачките
лостови (9).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите може да биде штетна за
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени видови прав се сметаат за канцерогени.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
всисувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Секогаш носете маска за заштита при вдишувањето со
класа на филтер P2.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis