Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Carrier 38QHP09E8S-1 Installationshandbuch Seite 80

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 38QHP09E8S-1:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 132
7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
големината на полнењето е во согласност со големината на просторијата во којашто се монтирани
деловите што содржат средство за ладење;
машинеријата и отворите за вентилација работат соодветно и не се блокирани;
ако се користи индиректно коло за вентилација, секундарното коло ќе се провери за присуство на
средство на ладење; а ознаките на опремата и понатаму се видливи и читливи.
ознаките и знаците што се неразбирливи ќе се поправат;
цевката за ладење или составните делови се монтираат во позиција во којашто не е веројатно дека ќе
бидат изложени на каква било супстанца што може да предизвика корозија на составните делови што
го содржат средството за ладење, освен ако составните делови не се направени од материјали што се
природно отпорни на корозија или се соодветно заштитени од неа.
7.9 ПРОВЕРКИ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ УРЕДИ
Поправката и одржувањето на електричните составни делови треба да вклучува почетни безбедносни
проверки и постапки за инспекција на составните делови. Доколку постои дефект што може да ја загрози
безбедноста, тогаш колото нема да биде поврзано со електрично напојување додека истиот соодветно не
се реши. Ако дефектот не може веднаш да се поправи, но е неопходно да се продолжи со работа, ќе се
употреби соодветно привремено решение. Ова ќе се пријави кај сопственикот на опремата за сите страни
да бидат известени.
Почетните безбедносни проверки треба да опфатат:
дека кондензаторите се испразнети: ова треба да се направи на безбеден начин за да се избегне
можноста од искрење
дека електрични составни делови и жици под напон не се изложени при полнење, враќање или чистење
на системот;
дека има континуитет во заземјувањето.
7.10 ПОПРАВКИ НА ЗАПЕЧАТЕНИТЕ СОСТАВНИ ДЕЛОВИ
10.1 При поправки на запечатените составни делови, сето електрично напојување ќе се исклучи од
опремата врз којашто се работи пред да се отстранат запечатените капаци и сл. Ако е апсолутно
неопходно опремата да има електрично напојување при сервисирањето, тогаш форма за откривање
на протекувањето што е во постојана употреба ќе се смести на најкритичната точка за да предупреди
за можна опасна ситуација.
10.2 Особено внимание ќе се посвети на следново за да се обезбеди дека при работата врз електричните
составни делови, куќиштето не е изменето на таков начин што има влијание врз нивото на
заштита. Ова опфаќа оштетување на кабли, прекумерен број на поврзувања, терминали што не се
направени според оригиналната спецификација, оштетување на тапите, неправилно вградување на
приклучоците итн.
Уверете се дека апаратот е безбедно монтиран.
Уверете се дека тапите и материјалите за запечатување не се оштетени до таа мера што веќе не
служат на намената за спречување на појавата на запаливи атмосфери. Резервните делови треба да
се во согласност со спецификациите на производителот.
ЗАБЕЛЕШКА: Употребата на силикон може да ја намали ефикасноста на некои типови опрема за детекција
на протекување. Составните делови со внатрешна заштита не мора да се изолираат пред работата врз нив.
7.11 ПОПРАВКИ НА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ СО ВНАТРЕШНА ЗАШТИТА
Не нанесувајте трајни индуктивни или капацитивни оптоварувања врз колото без да се уверите дека
тоа нема да ги надмине дозволениот напон и струја за опремата што се користи. Составните делови
со внатрешна заштита се единствените типови врз кои може да се работи под напон и во присуство на
запалива атмосфера. Апаратот за тестирање треба да биде со правилна јачина. Менувајте ги составните
делови само со деловите одредени од производителот. Други делови може да предизвикаат палење на
средството за ладење во атмосферата поради протекување.
17
7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
7.12 КАБЛИ
Уверете се дека каблите нема да бидат изложени на оштетување, корозија, прекумерен притисок,
вибрации, остри рабови и други негативни ефекти од околината. Проверката исто така треба да ги земе во
предвид ефектите од стареењето или постојаното вибрирање од изворите како на пр., компресорите или
вентилаторите.
7.13 ДЕТЕКЦИЈА НА ЗАПАЛИВИ СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ
Изворите за палење под никакви околности не смее да се користат за детекција на протекувања на
средството за ладење. Не смее да се користи апарат за автогено заварување или кој било друг детектор
што користи отворен пламен.
7.14 МЕТОДИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ПРОТЕКУВАЊЕ
Следниве методи за детекција на протекувањето се сметаат како прифатливи за системи што содржат
запаливи средства за ладење.
Електронските детектори на протекување ќе се користат за откривање запаливи средства за ладење,
но осетливоста можеби не е соодветна или можеби е потребна повторна калибрација. (Опремата за
детекција се калибрира во простор без средства за ладење.) Уверете се дека детекторот не е можен
извор на палење и дека е соодветен за средството за ладење. Опремата за детекција на протекување
ќе се постави на процент од долната граница на запаливост на средството за ладење и ќе се калибрира
со употребеното средство за да се потврди соодветниот процент на гас (максимум од 25%). Течностите
за детекција на протекување се соодветни за употреба со повеќето средства за ладење, но употребата
на детергенти што содржат хлор треба да се избегнува бидејќи хлорот може да реагира со средството
за ладење и да ги кородира бакарните цевки. Ако се сомневате во протекување, отстранете ги или
изгаснете ги сите отворени пламени. Ако е пронајдено протекување на средството за ладење за кое е
потребно лемење, сето средство за ладење ќе се собере од системот или ќе се изолира (со вентилите
за затворање) во дел од системот оддалечен од протекувањето. Азот без кислород ќе се спроведе низ
системот пред и по лемењето.
7.15 ОТСТРАНУВАЊЕ И ИСПУШТАЊЕ
При влегувањето во колото за ладење за да извршите поправки или од некоја друга причина, користете
ги конвенционалните постапки. Меѓутоа, важно е да се следи најдобрата практика, имајќи ја предвид
запаливоста. Треба да се придржувате до следнава постапка:
отстранете го средството за ладење;
прочистете го колото со инертен гас;
испуштете го;
прочистете повторно со инертен гас;
отворете го колото со сечење или лемење.
Наполнетото средство за ладење ќе се собере во правилните цилиндри за враќање. Системот ќе се
прочисти со азот без кислород заради безбедност на единицата. Процесот можеби ќе треба да се повтори
неколку пати.
За задачата нема да се користи компресиран воздух или кислород.
Прочистувањето се врши со прекинување на вакуумот во системот со азот без кислород и со
продолжување на пополнувањето сè додека не се постигне работниот притисок, потоа испуштање во
атмосферата и на крај постигнување вакуум. Процесот ќе се повторува сè додека има средство за ладење
во системот.
Откако ќе се употреби последното полнење на азот без кислород, притисокот во системот ќе се намали до
атмосферскиот притисок за да се овозможи започнување со работа. Операцијата е од особено значење
доколку треба да се врши лемење на цевките. Уверете се дека излезот за вакуум пумпата не е во близина
на извори на палење и дека има достапна вентилација.
18

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

38qhp12e8s-142qhp09e8s-142qhp12e8s-1

Inhaltsverzeichnis