Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Vaillant climaVAIR plus VAI8/5-035 KMNI Installations- Und Wartungsanleitung Seite 148

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für climaVAIR plus VAI8/5-035 KMNI:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 29
10 Предавање на производот на корисникот
10 Предавање на производот на
корисникот
По завршување на инсталацијата, покажете му ги на
корисникот позициите и функциите на безбедносните
уреди.
Особено подучете го во врска со безбедносните сис-
теми, на коишто корисникот мора да внимава.
Информирајте го корисникот за потребата од одржу-
вање на производот во согласност со наведените ин-
тервали.
Ако во употреба имате повеќе од една внатрешна
единица, тогаш програмирајте го истиот режим на
работа (загревање или ладење). Инаку може да дојде
до конфликт на режимите на работа и на единиците
се прикажува порака за грешка.
11 Отстранување на пречки
11.1
Набавување на резервни делови
Оригиналните компоненти на производот се сертифици-
рани од производителот во текот на контролата за со-
образност. Ако за одржување или поправка користите
други, несертифицирани одн. недозволени делови, тоа
може да доведе до тоа, да се избрише сообразноста на
производот и потоа тој да не соодветствува на важеч-
ките норми.
Ние препорачуваме итна употреба на оригинални ре-
зервни делови од производителот, за да може да се га-
рантира непрекината и безбедна работа на производот.
За да добиете повеќе информации за достапните ори-
гинални резервни делови, обратете се на контактната
адреса, којашто е наведена на задната страна на прило-
женото упатство.
Доколку за време на одржувањето или поправката
имате потреба од резервни делови, тогаш користете
исклучиво резервни делови, коишто се дозволени за
производот.
12 Контрола и одржување
12.1
Одржување
Предуслов за континуирана безбедност при работа, си-
гурност и долг век на употреба на производот се годиш-
ната контрола/одржувањето на производот од страна на
овластено стручно лице.
12.2
Придржување до интервалите за контрола
и одржување
Придржувајте се до минималните интервали за кон-
трола и одржување. Во зависност од резултатите од
контролата, можно е да се појави потреба од пред-
времено сервисирање.
146
12.3
Одржување на производот
Еднаш месечно
Проверете дали се чисти филтрите за воздух.
Чистете ги филтрите со вода или со всисувач.
Полугодишно
Демонтирајте ја облогата на производот.
Проверете дали се чисти изменувачите на топлина.
Отстранете ги сите страни тела од површината на
ламелите на изменувачите на топлина, коишто може
да ја спречат циркулацијата на воздухот.
Отстранете ја прашината со воздух под притисок.
Измијте го внимателно со вода, исчеткајте го и потоа
исушете го со воздух под притисок.
Бидете сигурни дека одводот за кондензат не е зат-
нат, бидејќи тоа може да влијае на прописниот одвод
на вода.
13 Конечно вадење од употреба
1.
Испразнете го средството за ладење.
2.
Демонтирајте го производот.
3.
Оставете го производот заедно со компонентите на
рециклирање или депонирајте го.
14 Рециклирање и отстранување
Препуштете го отстранувањето на амбалажата на
овластеното стручно лице, кој го инсталирал произво-
дот.
Ако производот е означен со овој знак:
Во овој случај не го фрлајте производот во домаш-
ниот отпад.
Наместо тоа, предадете го производот во собирен
пункт за стари електрични или електронски уреди.
Ако производот содржи батерии, коишто се озна-
чени со овој знак, тогаш тие може да содржат супстанци
штетни по здравјето и околината.
Во овој случај отстранете ги батериите во собирен
пункт за батерии.
важност: Хрватска
Obavijest u svezi Zakona o održivom gospodarenju
otpadom i Pravilnika o gospodarenju otpadnom električnom
i elektroničkom opremom nalazi se na internetskoj stranici
društva Vaillant- www.vaillant.hr.
Упатство за инсталација и одржување climaVAIR plus/exclusive 0020250592_01

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis