Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

AEG CLi 12 Originalbetriebsanleitung Seite 57

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
КАРАКТЕРИСТИКИ
По поставувањето на батеријата во лежиштето на
полначот, таа ќе започне автоматски да се полни (
црвеното ЛЕД светло останува вклучено)
Ако во полначот поставите премногу ладна или
прегреана батерија (трепкање на црвената светилка), тој
автоматски ќе започне да ги полни истите откако
батеријата ја постигнала соодветната температура за
напојување (0°С....60°С).
Времето за напојување варира зависно од
температурата на батериите, потребното напојување и
типот на батериите кои се полнат.
Штом полнењето е завршено, полначот се префрла на
,,лесно,, полнење да се постигне целосен капацитет
(зелената сијаличка свети постојано, црвеното сијаличка
е исклучена))
Нема потреба да се извади батеријата од полначот
откако ќе биде наполнета. Батеријата може да остане во
полначот без опасност истата да биде пренаполнета.
Ако трепкаат двете ЛЕД наизменично, тогаш или
батеријата не е ставена целосно или постои грешка на
батеријата или на полначот. Од безбедносни причини
веднаш исклучете го полначот или батеријата и
дозволете тие да бидат проверени во предвидената
служба за клиенти.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Ако приклучниот мрежен вод е
оштетен, тој мора да биде
заменет од служба за клиенти,
бидејќи за тоа е потребен
посебен алат.
Употребувајте само одобрени додатоци и одобрени
резервни делови. Компоненти, чија замена не е
опишана, да бидат заменети во авторизирана служба за
клиенти (обрнете внимание на брошура Гаранција/
Адреси на служби за клиенти).
СИМБОЛИ
T3.15A
969.416.00.0(00)
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Не го горете искористениот батерискиот
сколоп.
Не полнете оштетените батерии. Заменете ги
со нови.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Заштитна изолација
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
3,15 A бавно удар осигурач
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
57

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis