Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DPP200 Betriebsanleitung Seite 163

Akku-lochstanze
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DPP200:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 95
7.
Користете ги електричниот алат, додатоците
и длетата на алатот, итн. во согласност
со овие упатства, земајќи ги предвид
работните услови и работата што треба да
се изврши. Ако го користите електричниот
алат за работи различни од оние за кои тој е
наменет, може да ве доведе во опасност.
8.
Рачките и површините за фаќање нека
бидат суви, чисти и без масло и маснотии.
Лизгавите рачки и површини за фаќање не
дозволуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
Кога го користите алатот, не носете
9.
платнени работни ракавици што може да се
заплеткаат. Заплеткувањето на платнените
работни ракавици во подвижните делови може
да резултира со телесна повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
Кога батеријата не се користи, држете ја
3.
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
5.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
6.
Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
7.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
Сервисирање
1.
Вашиот електричен алат сервисирајте го
кај квалификувано лице за поправки, кое
користи само идентични резервни делови.
Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат
и понатаму е безбеден.
2.
Никогаш не сервисирајте оштетени
батерии. Сервисирањето на батериите треба
да ги извршува само производителот или
овластените сервисери.
3.
Следете ги упатствата за подмачкување и за
менување на додатните делови.
Безбедносни упатства за
безжичната дупчалка за отвори
1.
Соодветниот избор на патрицата и
матрицата е од суштинско значење.
Изберете ги правилната патрица и матрица
согласно обликот на отворот, големината
на отворот, дебелината на работниот
материјал и типот на материјалот.
Осигурете се дека секоја патрица со скалест
2.
раб, што ја спречува слободната ротација,
е правилно монтирана во клипот на
патрицата пред да ја затегнете навртката за
задржување на патрицата.
За дупчење на работниот материјал во облик
3.
на канал и работниот материјал направен од
не`рѓосувачки челик, користете ја матрицата
што е обезбедена ексклузивно за овие
материјали. Изберете ја само комбинацијата
од патрица и матрица што е соодветна за
дебелината на работниот материјал.
4.
Осигурете се дека патрицата и матрицата
се цврсто затегнати со навртка или
завртка. Во спротивно, може да дојде до
сериозно оштетување на алатот и до сериозна
телесна повреда. Редовно проверувајте ги и
затегнувајте ги патрицата и матрицата.
5.
Алатот е електро-хидрауличен. Кога
температурата е студена, треба да се
активира неколку минути во празен од пред
да почнат работите.
6.
За време на работата, држете ги лицето,
рацете и другите делови од телото подалеку
од просторот за дупчење.
7.
Извадете ја касетата за батерија пред да ги
промените патрицата и матрицата или кога
сервисирате или правите нагодувања.
8.
Патрицата и матрицата што на каков
било начин се изабиле, деформирале,
гребнале, искршиле или оштетиле може да
предизвикаат дефект на алатот и сериозен
инцидент. Веднаш заменете ги со нови што
ги испорачува Makita.
9.
Кога се дупчи не`рѓосувачки челик, патрицата
и матрицата може да се изабат порано
отколку кога се дупчат помеки материјали.
Осигурете се дека патрицата и матрицата
се во добра состојба, дека не се изабиле и
дека на никаков начин не се деформирале,
гребнале, искршиле или оштетиле. Проверете
со претставникот пред да дупчите материјал
што не е наведен во спецификациите.
10. Редовно вадете ги и проверувајте ги
карбонските четкички. Заменете ги откако
биле користени 200 пати. Карбонските
честички со должина од околу 6 мм или
помалку може да предизвикаат оштетување на
моторот.
163 МАКЕДОНСКИ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis