Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DPP200 Betriebsanleitung Seite 162

Akku-lochstanze
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DPP200:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 95
5.
Кога го користите електричниот алат
на отворено, користете кабел наменет
за отворен простор. Ако користете кабел
соодветен за отворен простор, се намалува
ризикот од електричен удар.
6.
Ако мора со електричниот алат да работите во
влажен простор, користете заштитен уред за
диференцијална струја (RCD), заштитена серија.
Ако користите заштитен уред за диференцијална
струја, се намалува ризикот од електричен удар.
7.
Електричните алати може да создаваат
електромагнетни полиња (ЕМП) што не се
штетни за корисникот. Сепак, пред да работат
со овој електричен алат, корисниците на
пејсмејкери и други слични медицински уреди
треба да контактираат со производителот на
нивниот уред и/или лекарот за совет.
Лична безбедност
1.
Бидете внимателни, гледајте што правите
и размислувајте разумно кога работите
со електричниот алат. Не користете го
електричниот алат кога сте уморни или
кога сте под дејство на дрога, алкохол или
на лекови. Момент на невнимание додека
работите со електричниот алат, може да
предизвика сериозна физичка повреда.
2.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
носете заштита за очите. Заштитната опрема,
како на пример маска за прав, заштитни чевли
што не се лизгаат, тврда капа или заштита за
слухот, што се користи за соодветни услови, ќе
ги намали физичките повреди.
3.
Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување во извор на електрична
енергија и/или на батерија, пред подигање
или носење на алатот. Ако електричните
алати ги носите, а прстот ви е на прекинувачот
или тој е вклучен, може да дојде до несреќа.
4.
Отстранете ги клиновите или клучевите
за нагодување пред да го вклучите
електричниот алат. Ако оставите клин или
клуч во ротирачкиот дел од електричниот алат,
може да дојде до физичка повреда.
5.
Не посегнувајте предалеку. Одржувајте
добра стабилност и рамнотежа со нозете
цело време. Ова овозможува подобра контрола
на електричниот алат во неочекувани ситуации.
6.
Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата и облеката држете
ги понастрана од подвижните делови.
Широката облека, накитот или долгата коса
може да се заплеткаат во подвижните делови.
7.
Ако има уреди за поврзување на делови за
извлекување и собирање прав, проверете
дали тие се правилно поврзани и дали се
користат соодветно. Ако користите уред
за собирање прав, може да ги намалите
опасностите што може да ги предизвика правот.
8.
Не дозволувајте познавањето стекнато од
честата употреба на алатите да ве направи
безгрижни и да ги игнорирате принципите
за безбедност на алатката. Невнимателното
дејство за дел од секунда може да предизвика
сериозна повреда.
9.
Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.
Користење и грижа за електричниот алат
1.
Не форсирајте го електричниот алат. Користете
правилен електричен алат за конкретната
примена. Со правилниот електричен алат,
подобро и побезбедно ќе ја завршите работата,
како и со предвидената брзина.
2.
Не користете го електричниот алат ако
не можете да го вклучите и исклучите со
прекинувачот. Ако електричниот алат не може
да се контролира со прекинувачот, тогаш тој е
опасен и мора да се поправи.
3.
Исклучете го приклучокот од напојувањето
и/или извадете ги батериите, ако може да
се откачат, од електричниот алат пред да
правите измени, да менувате додатоци или
да ги складирате електричните алати. Овие
превентивни безбедносни мерки ќе го намалат
ризикот електричниот алат да почне да работи
случајно.
4.
Електричните алати во режим на мирување
држете ги подалеку од дофатот на
децата и не дозволувајте лица што не се
запознаени со електричниот алат или овие
упатства да ракуваат со електричниот алат.
Електричните алати се опасни во рацете на
необучените корисници.
5.
Одржувајте ги електричните алати и
приборот. Проверете дали подвижните
делови се изместени или заглавени,
скршени или во некоја друга состојба
што може да влијае врз работењето
на електричниот алат. Ако е оштетен,
поправете го електричниот алат пред да го
користите. Многу незгоди се случуваат поради
слабо одржувани електрични алати.
6.
Одржувајте ги алатите остри и чисти.
Правилно одржувани алати за сечење, со
остри сечила, помалку е веројатно дека ќе се
заглават и полесно се контролираат.
162 МАКЕДОНСКИ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis