Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GUS 12V-300 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 124

Akku-scheren
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GUS 12V-300 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
124 | Македонски
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата (види слика A)
За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчињата
за отворање на батеријата (7) и извлечете ја батеријата
од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата (9) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата (6). Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
За да ја прикажете состојбата на наполнетост, притиснете
го копчето за приказ за наполнетоста (8) на исклучениот
електричен алат и држете го притиснато.
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Промена на алат (види слики B1−B2)
Пред да го извадите сечилото, оставете го да се
u
олади. Сечилото може да се вжешти за време на
работата.
1 609 92A 557 | (11.10.2019)
– Олабавете ја завртката со нарецкана глава (1) и
притиснете на заштитниот капак (3) целосно нагоре.
– Со помош на одвртувач свртете го сечилото (10)
додека не се отвори една дупка од сечилото.
– Ставете еден тенок стабилен предмет (на пр. шајка) во
отворената дупка за да го блокирате сечилото.
– Олабавете ги шрафовите за прицврстување на
сечилото (11) во правец на вртење ➊.
– Извадете го предметот којшто сте го употребиле за
блокирање на сечилото.
– Лесно подигнете го сечилото (10) и извлечете го
надолу.
– Новото сечило со избрусениот раб нанадвор ставете
го на прифатот за алат. Внимавајте на правилното
вклопување на сечилото во прифатот за алат.
– Повторно олабавете ги завртките за прицврстување на
сечилото (11) во правец на вртење ➋.
– Подесете го заштитниот капак (3) на дебелината на
материјалот којшто треба да се исече и повторно
затегнете ја завртката со нарецкана глава (1).
Поставување на заштитната хауба
Никогаш не го користете електричниот алат без
u
заштитниот капак.
За да постигнете оптимална заштита од повреди на прсти,
пред секој процес на работа мора да го подесите
заштитниот капак (3) на дебелината на материјалот
којшто се сече.
Олабавете ја назабената навртка (1). Подесете го
заштитниот капак (3) (во опсег 2−11 mm), така што лесно
ќе налегнува на материјалот којшто треба да се исече.
Повторно затегнете ја завртката со нарецкана глава.
Подесете го заштитниот капак (3) после секоја употреба
како и пред секое работење на електричниот алат сосема
надолу.
Употреба
Ставање во употреба
Ставање на батеријата
Поставете ја наполнетата батерија (6) во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Капацитет
Вклучување/исклучување
≥66 %
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
≥33 %
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нанапред,
<33 %
така што на прекинувачот ќе се појави I.
Резерва
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis