Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 12 GDL Professional Originalbetriebsanleitung Seite 361

Paneelsäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 12 GDL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
(39) се вклопува во левиот вертикален опсег на
аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка (28) од десно над 0°-
позиција.
Подесување на целиот вертикален опсег на аголот на
закосување (–47° до +47°)
– Повлечете ги двата подесливи гранични водилки (5)
целосно нанадвор (види „Поместување на граничната
водилка", Страница 359).
– Олабавете ја затезната рачка (13).
– Навалете ја лизгачката рачка (28) на дршката (1) од
0°-позиција малку налево и вртете го вртливото копче
(39), додека не се прикаже саканиот вертикапен опсег
на аголот на закосување.
– Навалете ја рачката на алатот (28) со дршката (1) кон
лево или десно, се додека агломерот (33) или (21) не
го покажува посакуваниот агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка (28) во оваа позиција и
повторно затегнете го затегнувачкиот лост (13).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 22,5° (види слика K)
Извлечете го копчето за подесување (34) целосно
нанадвор и свртете го за 90°. Потоа навалете ја
лизгачката рачка (28) на дршката (1), додека не
слушнете да се вклопи.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување (види слика L)
– За ставање во употреба на електричниот алат
најпрво ставете ја блокадата при вклучување (2) на
средина и потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (59) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (59) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (59).
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
Bosch Power Tools
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се прати во
сервисната служба. Адреси: (види „Сервисна служба и
совети при користење", Страница 366).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (11) и
u
затегнувачката рачка (13)пред сечењето. Инаку
сечилото за пила може да се заглави во делот што се
обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторниот заштитен капак може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите лизгачката рачка надолу, мора да ја
отворите осцилаторниот заштитен капак. При водење на
кракот на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак
мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Означување на линијата за сечење (види слика M)
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на
сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се
обработува може точно да го позиционирате за сечење,
без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (60).
– Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка
помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот", Страница 363). Ласерските зраци може да се
поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика N)
Не се застанувајте во една линија со сечилото за
u
пила пред електричниот алат, туку секогаш
странично од сечилото. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
Македонски | 361
1 609 92A 4CT | (20.07.2018)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis