Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GLL 3-80 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 134

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GLL 3-80 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-3085-001.book Page 134 Thursday, April 27, 2017 11:41 AM
134 | Македонски
– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија
на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 м
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка II) како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка III).
– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на
другата страна на отворот на вратата директно зад
точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и
насочете ја вертикалната ласерска линија така што
нејзината средина ќе поминува точно низ точките I и II.
– Обележете ја средината на ласерската линија на
горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
– Разликата d на двете означени точки III и IV го дава
фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалата.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Повторете го мерниот процес за втората вертикална
ласерска рамнина. Притоа изберете режим на работа,
каде се емитира една вертикална ласерска рамнина
странично покрај мерниот уред, и пред почетокот на
мерење свртете го мерниот уред за 90°.
Максимално дозволеното отстапување го пресметувате на
следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата x 0,2 mm/m
Пример: При висина од 2 m на отворот на вратата,
максималното отстапување смее да изнесува
1 609 92A 3PW | (27.4.17)
2 x 2 m x ±0,2 mm/m = ±0,8 mm. Според тоа, точките III и
IV смеат да лежат најмногу 0,8 mm една од друга, при
секое од двете мерења.
Совети при работењето
 За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот 18 ја подобрува видливоста на
ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
18 ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот 8 на навојот на стативот 23 или
обичен фото-статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив 9.
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика B)
Со помош на универзален држач 15 може да го
прицврстите мерниот уред напр. на вертикални површини,
цевки или магнетизирани материјали. Универзалниот
држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува
подесувањето по висина на мерниот уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач 15, пред да го
вклучите мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика B)
При неповолни светлосни услови (светла околина,
директно сончево зрачење) и на поголеми далечини
користете го ласерскиот приемник за подобро
пронаоѓање на ласерските линии 16. При работа со
ласерскиот приемник вклучете го режимот на приемник
(види „Режим на приемник", страна 132).
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis