Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GLL 3-50 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 153

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GLL 3-50 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
Максимално дозволеното отстапување d
пресметате на следниот начин:
d
= двојна висина на отворот од вратата x 0,3 мм/м
max
Пример: При висина на точките од вратата од 2 м,
максималното отстапување смее да изнесува
d
= 2 x 2 м x 0,3 мм/м = 1,2 мм. Ознаките смеат да
max
лежат најмногу 1,2 мм една од друга.
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на
цврста подлога со растојание од околу 5 м помеѓу подот и
плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротирачка платформа и
поставете го на подот.
– Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.
– Означете ја средината на горната точка на вкрстување
на плафонот (точка I). Освен тоа, обележете ја
средината на долната ласерска точка на подот
(точка II).
– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на
тој начин, што средината на долната ласерска точка ќе
лежи на веќе обележаната точка II. Оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на горната ласерска точка (точка III).
– Разликата d на двете означени точки I и III на плафонот
го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалата.
На мерната линија од 5 м, максималното дозволено
отстапување изнесува: 5 м x ±0,6 мм/м x 2 = ±6 мм.
Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу
6 мм.
Bosch Power Tools
може да го
max
5 m
d
180°
Совети при работењето
 За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики G–H)
Со помош на мерната плоча 26 ознаката од ласерот може
да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја
пренесете на ѕид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите
отстапувањето кон саканата висина и повторно да го
пренесете на друго место. На тој начин отпаѓа точното
подесување на мерниот уред на висината на која треба да
се пренесе.
Мерната плоча 26 има рефлектирачки слој, кој ја
подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога гледате
паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
5/8"-прифатот на стативот 11 на навојот на стативот 22
или обичен градежен статив. За зацврстување на обичен
фото статив користете 1/4"-прифат за статив 6.
Зашрафете го мерниот уред со шрафот за фиксирање на
стативот.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика E)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерската линија користете го
ласерскиот приемник 27. При работата со ласерски
приемник користете ја импулсната функција (види
„Импулсна функција", страна 150).
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Примери за работа
Примери за работа (види ги сликите A–F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Македонски | 153
1 609 92A 25M | (16.2.16)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis