Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GLL 3-50 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 150

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GLL 3-50 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
150 | Македонски
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
„Точност при нивелирање").
 Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција
on" (за работење без автоматиката за нивелирање)
или во позиција „
on" (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори 1.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција
„off". При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 40 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин. работа.
За да ја деактивирате автоматиката на исклучување, при
вклучување на мерниот уред, држете го притиснато
копчето за начин на работа 4 3 с. Доколку автоматиката за
исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко
трепкаат по 3 с.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го (без да биде
притиснато копчето за начин на работа 4).
Начини на работа
Мерниот уред има 4 начини на работа, кои може да ги
промените било кога:
– Хоризонтален режим (начин на работа A): емитира
една хоризонтална ласерска линија
– Режим на вкрстени линии (начин на работа B): емитира
една хоризонтална и една вертикална ласерска линија
– Вертикален режим (начин на работа C): емитира две
вертикални, ортогонални ласерски линии,
1 609 92A 25M | (16.2.16)
– Комбинација на хоризонтален и вертикален режим
(начин на работа D): емитира една хоризонтална и две
вертикални ласерски линии
При сите начини на работа на подот се проектира една
ласерска точка.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во начин на
работа „D". За да го смените начинот на работа,
притиснете на копчето за начин на работа 4.
Сите четири начини на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање.
При режимот на работа со вкрстени линии и вертикален
режим, со вртливото тркалце 18, вертикалните линии
може точно да се постават на мерниот објект.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 27 мора –, независно
од избраниот начин на работа –, да биде активирана
импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 27.
За да ја вклучите импулсна функција, притиснете го
копчето 3. При вклучена импулсна функција приказот
свети 2 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучена импулсната функција. За
работење без ласерски приемник, исклучете ја
импулсната функција со одново притискање на копчето 3.
Кога е исклучена импулсната функција, се гаси приказот
2.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога или прицврстете го на обичен фото статив.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција
on".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Штом ќе
престанат да трепкаат ласерските линии, мерниот уред е
изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат. Во ваков
случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат
грешки.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis