Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GLL 3-80 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 212

Linienlaser
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GLL 3-80 C Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
212 | Македонски
Режим на приемник
За работење со ласерски приемник (28) мора –
независно од избраниот начин на работа – да биде
активиран режимот на приемник.
При активиран режим на приемник, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник (28).
За вклучување на режимот на приемник притиснете на
копчето на ласерскиот приемник (5). Приказот за режим
на приемникот (6) свети зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За
работење без ласерски приемник, исклучете го режимот
на приемник со одново притискање на копчето Режим на
приемникот (5). Приказот (6) се гаси.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот (24) или на стативот
(31).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во
позиција „
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање  од ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од
4° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз
такт. Доколку сигналниот тон е активиран, се слуша
сигнален тон со забрзан такт.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
рамки на полето на самонивелирање од  ±4°, ласерските
зраци светат непрекинато и сигналниот тон ќе се исклучи.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната
ласерска линија во однос на референтните точки за да се
избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (16) во
позиција „ On". При исклучена автоматика за
нивелирање, приказот Работење без автоматика за
нивелирање (4) свети црвено и ласерските линии
непрекинато трепкаат во бавен такт.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите
на навалена подлога. Ласерските линии не мора да се
вертикално една кон друга.
1 609 92A 4F2 | (06.06.2018)
Далечинско управување преку „Levelling
Remote App"
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со
помош на безжична технологија дозволува далечинско
управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-
интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата
(App) „Levelling Remote App". Неа можете да ја
преземете од соодветниот App-Store во зависност од
крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на
Bosch на www.bosch-pt.com
При далечинско управување со помош на Bluetooth®
може да настанат временски одложувања помеѓу
мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за
прием.
Вклучете го Bluetooth®
За вклучување на Bluetooth® за далечинско управување,
притиснете го Bluetooth®-копчето (9). Проверете дали
Bluetooth®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен
уред.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска
помеѓу мобилниот и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Поврзувањето се воспоставува, кога Bluetooth®-приказот
(8) свети.
Bluetooth®-поврзувањето може да се прекине поради
големото растојание или пречки помеѓу мерниот и
мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори
на пречки. Во овој случај трепка Bluetooth®-приказот (8).
Исклучување на Bluetooth®
За Bluetooth® за далечинското управување, притиснете
на Bluetooth®-копчето (9) или исклучете го мерниот уред.
Предупредување за калибрирање CAL guard
Сензорите на предупредувањето за калибрирање CAL
guard ја надгледуваат состојбата на мерниот уред и кога е
исклучен. Ако мерниот уред е без напојување со струја
од акумулаторот или батериите, внатрешното
складирање на енергија за 72 часа се погрижува за
постојано надгледување со сензорите.
Сензорите се активираат со првото стартување на
мерниот уред.
Активатор на предупредувањето за калибрирање
Ако се појави еден од следните настани, се активира
предупредувањето за калибрирање CAL guard и
приказот CAL guard (3) светнува црвено:
– Интервалот на калибрација (на секои 12 месеци) е
истечен.
– Мерниот уред е складиран надвор од границите на
температура за складирање.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gll 3-80 cg professional