Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PCM 8 S Originalbetriebsanleitung Seite 259

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PCM 8 S:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
макс. длабочина на резот (0°/0°): 50 mm
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете го лостот за фиксирање (32),
доколку тој го заглавува механизмот за влечење (31).
Ставете го кракот на алатот до крај во правец на
граничните водилки (18) и (7) за да го фиксирате
механизмот за влечење повторно притиснете го
наназад лостот за фиксирање.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете ја рачката (3) и рачката на алатот водете ја
полека надолу со дршката (1).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (31)
(широки делови за обработка) олабавете го лостот за
фиксирање (32), доколку го заглавува механизмот за
влечење.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки
(7), додека сечилото за пила не дојде пред делот што
се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете ја рачката (3) и рачката на алатот водете ја
полека надолу со дршката (1).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (7) и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика Q)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина (25) кон надвор.
– Притиснете на лостот (3) и навалете го кракот на
алатот во саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (24), додека
крајот на завртката не го допре граничникот за
длабочина (25).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Bosch Power Tools
Менување на плочата за вметнување (види слика R)
Црната плоча за вметнување (10) може да се истроши по
подолга употреба на електричниот алат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките за прицврстување (51) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (38) и извадете
ја старата плоча за вметнување.
– Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно
затегнете ги завртките за прицврстување (51).
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
Позиционирање
Подна лајсна
на делот што се
обработува
– поставени кон
граничната
водилка
– плоснато
лежејќи на
масата за пила
Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна,
може да сечете со или без повлекување.
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален) најпрво на отпадно
дрво.
Транспорт (види слика S)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Ставете ги флексибилните продолжетоци на масата за
пила (48) во прифатите (36) на електричниот алат.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да
ги транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Носете го електричниот алат за транспортната дршка
(22).
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Македонски | 259
Плафонски
лајсни
1 609 92A 4DT | (06.12.2018)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Pcm 800 sPcm 8st

Inhaltsverzeichnis