Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch AdvancedOrbit 18 Originalbetriebsanleitung Seite 155

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AdvancedOrbit 18:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2926-002.book Page 155 Tuesday, May 9, 2017 1:22 PM
Дополнителна дршка (види слика K)
Дополнителната дршка 7 овозможува удобно ракување и
оптимална распределба на јачината, пред сè при
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
За брусење близу до рабови, може да ја извадите
дополнителната рачка. Отшрафете ја пеперутка-навртката
18 и извлечете го шрафот 17 од куќиштето. Потоа
извлечете ја дополнителната рачка 7 нанапред.
За одново да ја монтирате дополнителната рачка 7
притиснете ја однапред на куќиштето, така што ламелите
на дополнителната рачка ќе се вклопат во отворите на
куќиштето. Цврсто зашрафете ја дополнителната рачка 17
и пеперутка навртката 18.
Поставување на помошната рачка (види слика L)
Помошната рачка може да се постави во три позиции. За
промена на позицијата олабавете ги пеперутка-навртките
18 (околу 2 – 3 завртувања). Подесете ја помошната
рачка и повторно затегнете ги пеперутка-навртките.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Наполнетата батерија 4 ставете ја одзади во електричниот
алат, додека не се заклучи истата.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „1".
За исклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 1 може
да го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
1 – 2
низок број на осцилации
3 – 4
среден број на осцилации
5 – 6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Bosch Power Tools
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Брусење на површини
Вклучете го електричниот апарат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и сликата на брусење во
главно се одредуваат преку изборот на брусен лист,
претходно избраниот степен на број на осцилации како и
притисокот при контакт со површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на вртежи и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со лесна варијација на притисокот при контакт со
површината одн. промена на степенот на бројот на
осцилации може да се намали бројот на осцилации на
брусниот диск, при што се задржува ексцентричното
движење.
Движете го електричниот апарат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина или
попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте
електричниот апарат, за да го избегнете брусењето низ
делот што се обработува, на пр. фурнир.
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат.
1 609 92A 2LK | (9.5.17)
Македонски | 155

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis