Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKT 55 GCE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 170

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKT 55 GCE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1471-004.book Page 170 Wednesday, March 9, 2016 3:58 PM
170 | Македонски
Сечење на пластика
Напомена: При сечење на пластика, особено на PVC,
настануваат долги спирални струготини, кои може
електростатички да се наполнат. Притоа, исфрлувачот на
струготини 18 може да се запуши. Најдобро е да работите
со вшмукувач за прав.
Водете го вклучениот електричен апарат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете во еден
потез и без прекини, за да не се заглавуваат брзо запците
на пилата.
Сечење на нежелезни метали
Напомена: Користете остар лист пила погоден исклучиво
за нежелезни метали. Ова овозможува чист рез и го
спречува заглавувањето на листот од пилата.
Водете го вклучениот електричен апарат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете на крај со
мало движење напред и продолжете без прекини.
При сечење на профили, секогаш започнувајте со сечење
на потесната страна, кај U-профили не почнувајте на
отворената страна. Зацврстете ги долгите профили, за да
избегнете заглавување на листот од пилата и повратен
удар на електричниот апарат.
Сечење на лесни градежни материјали (материјали со
минерални состојки)
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Лесните градежни материјали може да се обработуваат
само со сечење на суво и со вшмукување на прав.
Секогаш работете со шина водилка 29 (опрема).
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
Сечење со шина водилка (види слика D)
Со помош на шината водилка 29 може да правите
праволиниски резови.
Гумениот раб на шината водилка служи како заштита до
кинење, што го спречува кинењето на површината при
сечење на дрвени материјали. Затоа листот на пилата со
запците мора да лежи директно на гумениот раб.
Пред првото сечење гумениот раб мора да се подеси со
шината водилка 29 на кружната пила што се користи.
Притоа, поставете ја шината водилка 29 со целата
должина на делот што се обработува. Поставете
длабочина на сечење од околу 9 мм и правоаголен
искосен агол. Вклучете ја кружната пила и водете ја
рамномерно со лесно поместување во правец на резот.
Со делот за сврзување 30 може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
шрафа што се наоѓаат на делот за сврзување.
1 609 92A 2B0 | (9.3.16)
Подесување на основната плоча на други шини-
водилки (види слика E)
Тесниот жлеб во основната плоча 7 може да се користи за
шините-водилки прикажани на страната со опрема. За
прилагодување на основната плоча на шини-водилки со
пошироки водечки мостови од други производители,
извадете го пластичниот додаток 34. Поставете ја пилата
на шината-водилка и по потреба, со двете завртки со
нарецкана глава 35, подесете ги пилата и шината-водилка
меѓусебно.
Сечење со паралелен граничник (види слики F–G)
Паралелниот граничник 14 овозможува прецизни резови
по должината на делот што се обработува, како на пример
сечење на ленти со исти димензии.
Провлечете ги водечките прачки на паралелниот
граничник 14 низ водилките на основната плоча 7.
Монтирајте пеперутка-завртки 10 од двете страни како
што е прикажано на сликата, свртете ги пеперутка-
завртките 10, но не ги затегнувајте премногу.
Подесете ја саканата ширина на сечење како вредност на
скалата на соодветната ознака за сечење 32 одн. 33,
погледнете во делот „Ознаки за сечење". Затегнете ги
пеперутка-завртките 10.
Сечење со помошен граничник (види слика H)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Заштитната хауба 15 мора секогаш да се движи слободно
и да се затвора. Пределот околу заштитната хауба 15
секогаш треба да биде чист. Отстранете ја правта и
струготините со издувување со компресиран воздух или
со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis