Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKT 55 GCE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 169

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKT 55 GCE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1471-004.book Page 169 Wednesday, March 9, 2016 3:58 PM
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Подесување на длабочината на сечење
(види слики B–C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Свртете го показателот на длабочина на сечење 8, за
сечење без шина-водилка во долната позиција  одн. за
сечење со шина-водилка во горната позиција .
Притиснете го лизгачот 27 и поставете ја саканата
длабочина на сечење (дебелина на материјалот + висина
на запците на листот на пилата) на скалата за подесување
на длабочината на сечење 6.
Подесување на закосениот агол
Олабавете ги пеперутка-навртките 11 и 17. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 9. Повторно затегнете ги пеперутка-навртките 11
и 17.
Пилата може да се подеси под агол на закосување од – 1 °
или +47 °. При вртењето дополнително притиснете на
копчето 16 за агол на закосување од – 1 ° или копчето 12
за агол на закосување од +47 °.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 6.
Ознаки за сечење (види слика D)
Ознаката за сечење 0° (32) ја прикажува позицијата на
листот од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (33) ја покажува позицијата на листот од
пилата при сечење на 45°-при сечење без шина водилка.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 2 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и
држете го притиснат.
Bosch Power Tools
Со активирање на блокадата при вклучување 2
истовремено ќе се отклучи механизмот за вдлабнување и
пилата ќе може да се притисне надолу. Притоа, листот на
пилата се вдлабнува во делот што се обработува. При
подигање, пилата повторно отскокнува назад во
почетната позиција, а механизмот за вдлабнување
повторно се заклучува.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Одредување на број на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи 24 може да
го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Потребниот број на вртежи зависи од употребениот лист
за пилата и материјалот што се обработува (погледнете го
прегледот на листови за пила на крајот од ова упатство за
работа).
Совети при работењето
Заштитете ги листовите за пилата од удари.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на листот за
пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови
за пила за делот што го обработувате.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Сечење на дрво
Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински
или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со
вшмукувач за прав.
Македонски | 169
1 609 92A 2B0 | (9.3.16)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis