Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто
стегнати доколку не се држи со самата своја тежина. Работните предмети
никогаш да не се водат рачно према плочата.
Грубо брусење
Никогаш не користете дискови за сечење за грубо брусење.
За време на грубото брусење, штитникот за брусење (B) со вграден
штитник за отсекување (C) може да го допре работното парче и да доведе
до губење на контролата врз алатот.
Најдобри резултати на грубо брусење се постигнуваат со агол на пристап
од 30° до 40°. Движете го електричниот алат нанапред и наназад со
умерен притисок. Ова осигурува дека работното парче нема да стане
премногу жешко, обезбоено или изгребано.
Површинско брусење со диск со абразивни перки
Дискот за брусење со абразивни перки (додаток) овозможува обработка
на заоблени површини и профили. Дисковите со абразивни перки имаат
значително подолг работен век, пониско ниво на бучава и пониски
температури на брусење од обичните дискови за брусење.
Сечење метал
Кога се користи штитникот за отсекување (B) за абразивно сечење со
залепени дискови за сечење, постои зголемен ризик од изложување на
искри, честички и цепнатинки од дискот доколку тој се скрши.
При абразивно сечење, користете умерена брзина што одговара на
материјалот што треба да се обработи. Не вршете никаков притисок врз
дискот за сечење и не навалувајте го или вртете го електричниот алат.
Не обидувајте се да ја намалите брзината на дискот за сечење што
работи, применувајќи страничен притисок.
Сечење ѕидарски работи/бетон
Обезбедете соодветно вшмукување прашина при сечење ѕидарски
работи/бетон.
Носете маска за прашина.
Електричниот алат може да се користи само за сечење/брусење сув
материјал.
Кога користите штитник за сечење (A), штитник за брусење (B) или
штитник за брусење (B) со прицврстен штитник за сечење (C) за сечење
и брусење бетон или ѕидарски работи, постои зголемена изложеност на
прашина и зголемен ризик за губење на контролата врз електричниот алат,
што може да доведе до повратен удар.
За сечење камен се препорачува употреба на дијамантски диск за сечење.
Кога користите штитник за сечење со водич за вшмукување и сечење
(F), единицата за вшмукување мора да биде одобрена за вшмукување
прашина од камен. Соодветни единици за вшмукување прашина се
достапни од Milwaukee.
Кога сечете особено тврди материјали, како што е бетон со висока
содржина на чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се прегрее и
да се оштети како резултат на тоа. Ова може јасно да се препознае по
кружните искри што се вртат со дијамантскиот диск за сечење.
Во овој случај, прекинете ја работата и оставете го дијамантскиот диск за
сечење да се олади со краткотрајно ракување со електричниот алат при
максимална брзина и без оптоварување.
Ако дискот работи значително побавно и се појават кружни искри,
дијамантскиот диск за сечење отапел. Дискот може повторно да се изостри
со кратко сечење во абразивен материјал (на пр. тула од песок-вар).
Работење со дупчалки со дијамантско јадро
Користете ги дупчалките со дијамантско јадро само на сув материјал.
Не поставувајте ја дупчалката со дијамантско јадро паралелно со
работното парче. Вметнете ја дупчалката во работното парче под агол и
со кружни движења. Ова обезбедува оптимално ладење и подолг работен
век за дупчалката со дијамантско јадро.
Технички информации за градење
Вдлабнатините во носечките ѕидови подлежат на прописи специфични
за земјата. Овие прописи мора да се почитуваат во секое време.
Консултирајте се со одговорниот градежен инженер, архитект или менаџер
на локацијата пред да започнете со работа.
186
ЧИСТЕЊЕ
Редовно чистете го електричниот алат за да ги отстраните остатоците од
брусењето и другите нечистотии. Особено отворите за вентилација мора
секогаш да се одржуваат чисти.
Чистите електрични алати ја зголемуваат безбедноста при работа.
ЧУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Чувајте ги алатите за вметнување заштитени од прашина во суви
простории без мраз на постојана температура.
Отстранете ги вметнатите алати пред да го складирате или пренесувате
електричниот алат за да спречите оштетување. Не користете ги
оштетените алати.
Заштитете ги електричните алати од директна сончева светлина за време
на складирањето и транспортот.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
МАКЕДОНСКИ
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за
употреба пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Не употребувајте сила.
Секогаш водете ја алатката со двете раце.
Не користете го заштитниот капак за разделување.
Само за работи на брусење.
Само за работи на сечење.
Внимавајте на дозволената дебелина на дискот.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач
за совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да
ги преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на
луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Правец на движење
n
Вртежи на празен од
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
187