Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Royal RPC 2040 Originalbetriebsanleitung Seite 94

Benzinmotor-kettensage
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RPC 2040:
Inhaltsverzeichnis
Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_RPC_2040_SPK4__ 12.11.12 09:42 Seite 94
MK
Вртење на водечката шина
Водечката шина мора да биде свртена на секои 8
работни часа, за да се обезбеди подеднаква
искористеност.
Постојано чистете ги каналот на шината и
празнината за подмачкување со средство за
чистење за канали за шини (сл. 21A).
Редовно проверувајте ја површината на шината по
однос на искористеност, отстранувајте ги
остатоците и исправете ја површината со рамна
турпија, доколку е тоа потребно (сл. 21B).
Внимание: Никогаш не прицврстувајте нов
ланец на искористена водечка шина.
Отвори за пропуштање масло
Отворите за пропуштање масло на шината треба
да се чистат за да се обезбеди уредно
подмачкување на шината и на ланецот за време
на работата.
Упатство: Состојбата на отворите за пропуштање
масло може лесно да се провери. Доколку
отворите се чисти, неколку секунди по
вклучувањето на пилата ланецот автоматски
прска масло. Пилата поседува автоматски систем
за подмачкување.
Автоматско подмачкување на ланецот
Оваа пила со ланец е опремена со автоматски
систем за подмачкување со погон на запчаник. Тој
систем автоматски ја снабдува шината и ланецот
со потребната количина на масло. Штом моторот
забрза и маслото тече побрзо кон плочата на
шината.
Подмачкувањето на ланецот е поставен
оптимално фабрички.
Доколку се потребни накнадни нагодувања,
донесете ја пилата во овластена служба за
клиенти.
На долната страна од пилата со ланец се наоѓа
завртката за нагодување на подмачкувањето на
ланецот (сл. 26/ поз. A). Вртењето налево го
намалува подмачкувањето на ланецот, вртењето
надесно го зголемува подмачкувањето на
ланецот.
За проверка на подмачкувањето на ланецот,
држете ја пилата со ланецот над лист хартија и
дајте неколку секунди полн гас. На хартијата
може да се провери актуелно нагодената
количина на масло.
94
7.2.7 Одржување на ланецот
Острење на ланецот
За острење на ланецот потребни се специјални
алати, кои обезбедуваат острење на ножевите со
вистински агол и со вистинска длабочина. За
неискусниот корисник на пили со ланци
препорачуваме, ланецот да биде наострен од
страна на стручно лице во соодветната служба за
клиенти во вашето место. Доколку сметате дека
можете да вршите острење на вашиот ланец,
купете ги специјалните алати од
професионалната служба за клиенти.
Острење на ланецот (сл. 22)
Острете го ланецот со заштитни ракавици и
округла турпија, ø 4,8 mm. Острете ги врвовите
само со движења насочени кон надвор (сл. 23) и
почитувајте ги вредностите согласно сл. 22.
По острењето, сите делови за сечење мора да
бидат подеднакво мазни и долги.
Внимание: Секој остар ланец прави фино
оформени струготини. Ако ланецот при сечењето
создава ситен материјал, тогаш мора да се
наостри.
По 3-4 пати острење на сечивата, мора да ја
проверите висината на граничниците на
длабочина и, по потреба, со рамна турпија да ги
поставите подлабоко, а потоа да го заоблите
предниот агол (сл. 24).
Затегнатост на ланецот
Редовно проверувајте го затегањето на ланецот и,
по потреба, вршете накнадно штелување, за
ланецот да лежи тесно на шината, но
истовремено и да биде доволно лабав, за да
може да се влече со рака (види и точка 5.3).
Разработување на нов ланец
Секој нов ланец и шина мора да биде накнадно
штелувани по помалку од 5 сечења. Тоа е
нормално во текот на разработувањето, а
растојанијата помеѓу идните накнадни штелувања
ќе станат поголеми.
Внимание: Никогаш не отстранувајте повеќе
од 3 дела од еден ланец. Во спротивно запците би
можеле да се оштетат.
Подмачкување на ланецот
Уверувајте се постојано, дека автоматскиот
систем за подмачкување функционира исправно.
Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

45.016.60

Inhaltsverzeichnis