Anleitung_RPC_2040_SPK4__ 12.11.12 09:42 Seite 90
MK
подлога. Држете ја пилата со нога цврсто,
како што е прикажано. Повлечете го
стартерот брзо двапати. Внимавајте на
ланецот што се движи! (сл. 9C).
4. Втурнете ја внатре Choke-рачката (B) до
аншлаг (сл. 9B).
5. Држете ја пилата цврсто и повлечете го
стартерот брзо четирипати. Моторот треба да
стартува (сл. 9C).
6. Дозволете моторот да загрее во период од 10
секунди. Потоа притиснете ја кратко рачката
за гас (D), моторот преминува во „празен од"
(сл. 9D).
Внимание: При првиот обид за стартување
односно кога резервоарот бил комплетно празен,
можно е да е потребно повеќепати да се притисне
стартерот за сајлата.
Ако моторот не се стартува, повторете ги горе
опишаните чекори, додека моторот не премине во
празен од.
Внимание: Сајлата за стартување секогаш
повлекувајте ја полека до првиот отпор, пред
истата да биде брзо повлечена заради
стартување. Не дозволувајте, по успешното
стартување, сајлата за стартување да излета
наназад, додека се собира.
6.2 Повторно вклучување на топол мотор
1. Уверете се, дека прекинувачот е поставен на
ВКЛ.
2. Повлечете ја сајлата за стартување
максимално шестпати. Моторот треба да
стартува.
6.3 Сопирање на моторот
1. Пуштете ја рачката за гас и почекајте, додека
моторот почне да работи во празен од.
2. Поставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување на „Стоп (0)", за да
го запрете моторот.
Упатство: За да го сопрете моторот во итен
случај, активирајте ја кочницата за ланецот и
поставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување на „Стоп (0)".
6.4 Општи упатства за сечење
Внимание: Сечењето дрва не е дозволено
без обука.
90
Сечење
Сечење значи отсекување дрво. Мали дрва со
дијаметар од 15-18 cm вообичаено се отсекуваат
со еден засек. Кај поголеми дрва мора да се
направат зарези. Зарезите ја определуваат
насоката, во која ќе падне дрвото.
Внимание: Пред сечењето, потребно е да се
планира и исчисти патека за повлекување (A).
Патеката за повлекување треба да биде насочена
кон назад и дијагонално од задната страна од
очекуваната насока на паѓање, како што е
прикажано на сл. 11.
Внимание: При сечење дрво на стрмнина,
операторот на пилата со ланец треба да се наоѓа
на растечката страна од стрмнината, бидејќи
дрвото по паѓањето најверојатно ќе почне да се
врти односно лизга надолу.
Упатство: Насоката на паѓање (B) се определува
со зарезот. Пред сечењето, внимавајте на
положбата на поголемите гранки и природниот
нагиб на дрвото, за да го процените патот на
паѓање на дрвото (сл. 11).
Внимание: Не сечете дрво, доколку дува
посилен или променлив ветар, или доколку
постои опасност од оштетување на сопственост.
Консултирајте се со стручно лице за сечење дрва.
Не сечете дрво што би можело да погоди водови.
Во случај на несигурност, информирајте се во
службата одговорна за водот, пред да го исечете
дрвото.
Општи правила за сечење дрва (сл. 12)
Вообичаено сечењето се состои од два главни
засека: зарез (C) и засек за сечење (D).
Започнете со горниот зарез (C) на страната на
паѓање на дрвото (E). Притоа внимавајте, да не го
засечете долниот засек премногу ниско во
стеблото на дрвото. Зарезот (C) е потребно да
биде толку длабоко, за да се создаде т.н. котвена
точка (F) со доволна шириниа и јачина. Зарезот
треба да биде доволно широк, за да се
контролира сечењето на дрвото што е можно
подолго.
Внимание: Никогаш не истапувајте пред дрво
што е зарежано. Извршете го засекот за сечење
(D) на другата страна на дрвото и тоа околу 3 - 5
cm над работ на зарезот (C).