Anleitung_RPC_2040_SPK4__ 12.11.12 09:42 Seite 91
Никогаш не сечете го целосно стеблото на дрвото.
Секогаш оставајте една котвена точка. Котвената
точка F го држи дрвото. Ако стеблото се исече
целосно, повеќе не можете да ја контролирате
насоката на паѓање.
Во засекот поставете клин или хебла уште пред
дрвото да стане нестабилно и пред да започне да
се движи. Тогаш водечката шина не може да
заглави во засекот за сечење, доколку погрешно
сте ја процениле насоката на паѓање. Забранете
им на гледачи пристап во подрачјето на паѓање на
дрвото, пред да започнете со цепење.
Внимание: Пред реализацијата на
последниот засек проверете, дали во подрчајето
на паѓање има гледачи, животни или пречки.
Засек за сечење
1. Спречувајте заглавување на шината или на
ланецот (B) во засекот со дрвени или
пластични клинови (A). Клиновите го
контролираат и сечењето (сл. 13).
2. Доколку дијаметарот на дрвото за сечење е
поголем од должината на шината, направете
два засека, како што е прикажано на слика
14.
Внимание: Кога засекот на сечење се
приближува до котвената точка, дрвото
започнува да паѓа. Штом дрвото започнува да
паѓа, повлечете ја пилата од засекот, сопрете го
моторот, оставете ја пилата со ланец и напуштете
го подрачјето преку патеката за повлекување (сл.
11).
Отстранување гранки
Гранките се отстрануваат од исеченото дрво.
Отстранете ги потпирните гранки (A) дури откако
стеблото е исечено во должини (сл. 15). Гранки
што стојат под напон/затегнатост, мора да бидат
исечени од долу нагоре, за да дојде до
заглавување на пилата.
Внимание: Никогаш не сечете гранки, додека
стоите на стеблото од дрвото.
Сечење по должина
Исечете го паднатото стебло по неговата
должина. Внимавајте да стоите добро и стојте на
горната страна од стеблото, доколку сечете на
стрмнина. Доколку е можно, стеблото треба да
биде потпрено, за исечениот крај да не лежи на
земјата.
Доколку двата краја на стеблото се потпрени и
вие морате да сечете во средина, направете
половина засек од горе низ стеблото, а потоа
направете засек од долу нагоре. Ова спречува да
дојде до заглавување на шината и на ланецот во
стеблото. Внимавајте на тоа, ланецот при сечење
да не засече во земјата, бидејќи на тој начин
ланецот затапува многу брзо.
При сечење секогаш стојте на горната страна од
стрмнината.
1. Стебло потпрено долж сета негова
должина:
Сечете од горе и внимавајте, да не засечете
во земјата (сл. 16A).
2. Стебло потпрено на еден крај: Најпрво
исечете 1/3 од дијаметарот на стеблото од
долу нагоре, за да избегнете распарчување.
Потоа извршете го сечењето од горе на
првиот засек, за да избегнете заглавување
(сл. 16B).
3. Стебло потпрено на двата краја:
Најпрво исечете 1/3 од дијаметарот на
стеблото од горе надолу, за да избегнете
распарчување. Потоа извршете го сечењето
од долу на првиот засек, за да избегнете
заглавување (сл. 16C).
Упатство: Најдобриот метод за сечење на стебло
по должина е со помош на статив за сечење.
Доколку тоа не е можно, тогаш стеблото треба да
биде подигнато и потпрено со помош на делови
од гранките или преку потпирни блокови. Уверете
се дека стеблото што треба да се сече е сигурно
потпрено.
Сечење на должината на статив за сечење (сл.
17)
За ваша сигурност и заради олеснување на
сечењето потребно е да се најде вистинската
позиција за вертикално сечење на должината.
A. Држете ја пилата цврсто со двете раце и при
сечењето водете ја десно од вашето тело.
B. Држете ја левата рака што е можно поправо.
C. Распределете ја вашата тежина на двете нозе.
Внимание! За време на сечењето постојано
внимавајте на тоа, ланецот за сечење и
управувачката шина да се намачкани со доволно
масло.
MK
91