Anleitung_RPC_2040_SPK4__ 12.11.12 09:42 Seite 93
со прсти.
Упатство: Не вадете го цревото целосно од
резервоарот.
4. Извлечете го филтерот (A) од резервоарот (сл.
19).
5. Извлечете го филтерот со вртливо движење и
исчистете го. Ако филтерот е оштетен,
отстранете го.
6. Ставете нов или исчистен филтер. Ставете
еден крај од филтерот во отворот на
резервоарот. Уверете се, дека филтерот е
поставен во долниот агол на резервоарот.
Повлечете го филтерот со долг штрафцигер до
неговото вистинско место.
7. Наполнете го резервоарот со свежа
мешавина на гориво. Види дел ГОРИВО И
МАСЛО. Поставете го капачето на
резервоарот.
7.2.4 Свеќица (сл. 18C)
Внимание: За моторот на пилата да не ја
изгуби својата моќност, свеќицата мора да биде
чиста и да го има исправното растојание од
електродите (0,6 mm). Свеќицата мора да биде
исчистена односно заменета на секои 20 работни
часови.
1. Поставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување на „Стоп (0)".
2. Отстранете го горниот капак (A) со
отстранување на завртката за прицврстување
(B) на капакот. Потоа капакот може да се
извади (сл. 18A).
3. Отстранете го филтерот за воздух (сл.
18B/поз. C).
4. Извлечете го кабелот за палење (D) од
свеќицата со влечење и истовремено вртење
(сл. 18C).
5. Отстранете ја свеќицата со клуч за
поставување свеќици (B). НЕ
УПОТРЕБУВАЈТЕ ДРУГ АЛАТ.
6. Исчистете ја свеќицата со четка со бакарни
жици или поставете нова.
7.2.5 Нагодување на карбураторот
Карбураторот е фабрички наштелуван за
оптимален учинок. Доколку се потребни
накнадни нагодувања, донесете ја пилата во
овластена служба за клиенти.
7.2.6 Одржување на водечката шина
Потребно е редовно мачкање на водечката шина
(управувачката шина и запчаниот ланец) со
масло. Важно е да се врши доволно одржување
на водечката шина, како што е објаснето во
следниот дел, за да може вашата пила да го
постигне оптималниот учинок.
Внимание! Запците на новата пила се веќе
фабрички намачкани со масло. Доколку не ги
мачкате запците како што е прикажано, се
намалува острината за запците, а со тоа и
учиникот, со што го губите правото на гаранција.
Алати за подмачкување со масло
Се препорачува шриц за масло за нанесување на
маслото на запците од водечката шина. Шприцот
за масло поседува иглест врв, кој е потребен за
нанесување на мслото на забестите врвови.
Вака ги подмачкувате запците со масло
Запците треба да биде подмачкувани по 10 часа
работа или еднаш неделно. Пред подмачкувањето
мора темелно да ги исчисите запците на
водечката шина.
Упатство: За подмачкување на запците на
водечката шина, ланецот на пилата не мора да
биде отстранет. Подмачкувањето може да се
врши во текот на работата, при исклучен мотор.
Внимание: Носете исклучително цврсти
работни ракавици, доколку вршите зафати во
шината и ланецот.
1. Поставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување на „Стоп (0)".
2. Исчистете ги запците на водечката шина.
3. Поставете го иглестиот врв на шприцот за
масло во отворот за подмачкување и
вбризгајте го маслото, додека се појави на
надворешната страна од запците (сл. 20).
4. Свртете го ланецот на пилата со рака.
Повторувајте го подмачкувањето сè додека не
се подмачкаат сите запци.
Најголемиот број проблеми со водечката шина
можат да бидат избегнати, ако пилата со ланец
добро се одржува.
Недоволно подмачкана водечка шина и работа со
пила со ПРЕМНОГУ КРУТ ланец придонесуваат
кон брзо искористување на шината.
За намалување на искористувањето на шината се
препорачуваат следните чекори за одржување на
водечката шина.
Внимание: При работи во врска со
одржување секогаш носете заштитни ракавици.
Не вршете работи во врска со одржување
доколку моторот е сè уште жежок.
MK
93