Anleitung_RPC_2040_SPK4__ 12.11.12 09:42 Seite 89
Внимание: Кочницата за ланецот има за цел,
да ја намали опасноста од повреди како
последица на повратен удар, но таа не може да
понуди соодветна заштита, ако со пилата се
работи невнимателно. Постојано проверувајте ја
кочницата за ланецот пред секоја употреба на
пилата и проверувајте ја редовно во текот на
работата.
Проверка на кочницата на ланецот
1. Кочницата на ланецот е ОДГЛАВЕНА (ланецот
може да се движи), кога РАЧКАТА НА
КОЧНИЦАТА Е ПОВЛЕЧЕНА НАНАЗАД И Е
АРЕТИРАНА (сл. 7A).
2. Кочницата на ланецот е ЗАГЛАВЕНА (ланецот
е аретиран), кога рачката на кочницата е
повлечена нанапред и механизмот (сл. 7B/поз.
A) е видлив. Во тој случај на ланецот не треба
да му се дозволи да се движи (сл. 7B).
Упатство: Рачката на кочницата треба да „легне"
во двете позиции. Доколку забележите посилен
отпор или рачката не може да се помести, не ја
употребувајте пилата. Донесете ја на поправка во
овластената служба за клиенти.
5.5 Гориво и масло
Гориво
За оптимални резултати употребувајте нормално,
безоловно гориво, помешано со специјално
двотактно масло.
Мешавина на горивото
Помешајте го горивото со двотактно масло во
соодветен сад. Протресете го садот за да дојде до
соодветно мешање.
Внимание: За оваа пила никогаш не
употребувајте чист бензин. На тој начин се
оштетува моторот и го губите правото на
гаранција за овој производ. Не употребувајте
мешавина на гориво што стоела подолго од 90
дена.
Внимание: Мора да се употребува специјално
двотактно масло за двотактни мотори со
воздушно ладење, со однос на мешање од 40:1.
Не употребувајте двотактно масло со однос на
мешање од 100:1. Недоволните масла го
оштетуваат моторот и во тој случај го губите
правото на гаранција за моторот.
Мешавина на бензин и масло 40:1 Само масло
Препорачани горива
Некои бензини во оптек се мешани со мешавини
како алкохолни или етерни соединенија, за да ги
исполнат нормите за чисти издувни гасови.
Моторот работи задоволително со сите видови на
бензин заради самопогон, а исто така и со
бензини збогатени со кислород.
Најдобро употребувајте безоловен нормален
бензин.
Масла за ланец и управувачка шина
Секогаш кога се полни резервоарот за бензин,
мора да биде дополнет и резервоарот за масло за
ланецот. За таа цел се препорачува да се
употребува масло за ланци што може да се најде
во продажба.
Контроли пред вклучување на моторот
Внимание: Никогаш не вклучувајте ја пилата
ниту работете со неа, доколку шината и ланецот
не се исправно монтирани.
1. Наполнете го резервоарот за гориво (A) со
вистинската мешавина на гориво (сл. 8).
2. Наполнете го резервоарот за масло (B) со
масло за ланецот (сл. 8).
3. Уверете се дека кочницата за ланецот (C) е
одглавена пред вклучувањето на моторот (сл.
8).
По полнењето на резервоарот за ланецот и за
масло прицврстете ги капачињата од
резервоарите со рака. За ова не
употребувајте алат.
6. Употреба
6.1 Вклучување на моторот
1. За вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување / исклучување (A) во позиција
"Вкл (I)" (сл. 9A).
2. Извлекувајте ја Choke-рачката (B) (сл. 9B)
додека да легне.
3. Положете ја пилата на цврста и рамна
MK
89