Anleitung_RPC_2040_SPK4__ 12.11.12 09:42 Seite 92
MK
7. Чистење, одржување, чување и
нарачка на резервни делови
Пред секаков вид активности за чистење и
одржување извадете го утикачот за свеќица.
7.1 Чистење
Одржувајте ги заштитните уреди, воздушните
n
отвори и куќиштето на моторот што е можно
почисти од прашина и нечистотија. Избришете
го апаратот со чиста крпа или издувајте го со
воздух под притисок при низок притисок.
Ви препорачуваме да го чистите апаратот
n
директно по секоја употреба.
Чистете го уредот редовно со влажна крпа и
n
малку сапун за подмачкување. Не
употребувајте средства за чистење или
растворање, тие би можеле да ги нагризаат
деловите на апаратот од пластика.
Внимавајте на тоа, да не навлезе вода во
внатрешноста на апаратот.
7.2 Одржување
Внимание: Секаков вид работи на пилата со
ланец во врска со одржување, освен точките
наведени во ова упатство, смеат да бидат
извршувани само од страна на овластена служба
за клиенти
7.2.1 Тест за работа на кочницата на ланецот
Редовно проверувајте, дали кочницата на ланецот
функционира исправно. Тестирајте ја кочницата
на ланецот пред првото сечење, по повеќекратно
сечење и во секој случај по реализирани
сервисни работи на кочницата на ланецот.
Тестирајте ја кочницата на ланецот на
следниот начин (сл. 10):
1. Положете ја пилата на чиста, цврста и рамна
подлога.
2. Вклучете го моторот.
3. Зафатете ја задната рачка (A) со десната
рака.
4. Со левата рака држете ја цврсто предната
рачка (B) [не рачката за кочницата на ланецот
(C)].
5. Притиснете ја рачката за гас на 1/3 од
брзината, а веднаш потоа активирајте ја со
палецот од левата рака рачката за кочницата
на ланецот (C).
Внимание: Активирајте ја кочницата на
ланецот полека и промислено. Пилата не смее да
допира никаде и не смее да виси на предната
страна надолу.
92
6. Ланецот треба да запре веднаш. Потоа
веднаш пуштете ја раката за гас.
Внимание: Ако ланецот не сопре, исклучете
го моторот и донесете ја пилата заради
сервисирање во овластената служба за клиенти.
7. Ако кочницата на ланецот функциконира
исправно, исклучете го моторот и поставете ја
кочницата на ланецот повторно на
ОДГЛАВЕНО.
7.2.2 Филтер за воздух
Внимание: Никогаш не употребувајте ја
пилата без филтер за воздух. Во спротивно во
моторот влегуваат прав и нечистотија и го
оштетуваат. Секогаш одржувајте го чист
филтерот за воздух! Филтерот за воздух мора да
биде исчистен односно заменет на секои 20
работни часови.
Чистење на филтерот за воздух (сл. 18)
1. Отстранете го горниот капак (A) со
отстранување на завртката за прицврстување
(B) на капакот. Потоа капакот може да се
извади (сл. 18a).
2. Извадете го филтерот за воздух (C) (сл. 18b).
3. Исчистете го филтерот за воздух. Измијте го
филтерот во чиста, топла сапунска лужина.
Дозволете целосно да се исуши на воздух.
Упатство: Се препорачува, во залиха да имате
резервни филтри.
4. Внесете го филтерот за воздух. Поставете го
капакот на моторот / филтерот за воздух.
Внимавајте на тоа, капакот да биде поставен
така што ќе легне како на својата позиција.
Прицврстете ја завртката за прицврстување
на капакот.
7.2.3 Филтер за гориво
Внимание: Никогаш не употребувајте ја
пилата без филтер за гориво. По 100 работни
часови филтерот за гориво мора да биде исчистен
или заменет во случај на оштетување. Испразнете
го резервоарот за гориво целосно, пред да го
замените филтерот.
1. Извадете го капачето од резервоарот за
гориво.
2. Исправете една мека жица.
3. Ставете ја жицата во отворот од резервоарот
за гориво и закачете го цревото за гориво.
Повлечете го цревото за гориво внимателно
кон отворот, додека да можете да го фатите