Упатства за употреба
Маска за цело лице FitLife SE
Наменета употреба
Маската за цело лице FitLife SE е наменета на пациентот да му овозможи интерфејс за примена
на неинвазивна вентилација. Маската треба да се употребува како додаток на респираторите што
имаат соодветни аларми и безбедносни системи за во случај на неуспешна вентилација и што се
наменети за спроведување на терапија со CPAP или вентилација со позитивен притисок за лекување
на респираторна слабост, респираторна инсуфициенција или за опструктивна апнеа во сон. Оваа
маска е наменета за употреба само кај еден пациент во домашни услови или за употреба кај повеќе
пациенти само во болничка/институционална средина. Малата маска треба да се употребува кај
пациенти на 7 годишна возраст или постари (>20 kg) кои се соодветни кандидати за неинвазивна
вентилација. Големите и најголемите маски треба да се употребуваат кај пациенти (>30 kg) кои
се соодветни кандидати за неинвазивна вентилација.
Напомена: маската за цело лица FitLife SE нема вградена порта за издишување. Со оваа маска
мора да се употребува одделен уред за издишување.
Напомена: маската не е направена од латекс од природна гума или ДЕХФ.
Симболи
Предупредувања:
•
Оваа маска не е соодветна за вентилација за одржување на виталните функции.
•
За оваа маска е потребен одделен уред за издишување.
•
Оваа маска е направена за употреба со системи за терапија со CPAP или терапија со притисок на
двојно ниво што се препорачани од вашиот здравствен работник или респираторен терапевт.
Не носете ја маската ако системот за терапија со CPAP или со двојно ниво на притисок не
е вклучен или не работи соодветно. Не блокирајте ја или не обидувајте се да ја запечатите
портата за издишување. Објаснување на предупредувањето: cистемите за CPAP се наменети
за употреба со специјални маски со конектори што имаат отвори за вентилација за да овозможат
континуиран проток на воздухот надвор од маската. Кога апаратот за CPAP ќе се вклучи и работи
правилно, новиот воздух од апаратот за CPAP го истиснува издишаниот воздух низ портата
за издишување прикачена на маската. Меѓутоа, кога апаратот за CPAP не работи, нема да се
доставува доволно свеж воздух во маската и може повторно да се вдиши издишаниот воздух.
Ова предупредување се однесува на повеќето модели на системите за CPAP.
•
Доколку со овој уред се употребува кислород, протокот на кислород мора да биде исклучен кога
уредот не работи. Објаснување на предупредувањето: кога уредот не работи, а протокот на
кислородот е вклучен, испорачаниот кислород во цевките за вентилација може да се акумулира
во внатрешноста на уредот. Кислородот акумулиран во внатрешноста на уредот може да доведе
до ризик од пожар.
•
Кислородот го поттикнува согорувањето. Кислородот не смее да се користи додека пушите или
во присуство на отворен оган.
•
При непроменет проток на дополнителен кислород, концентрацијата на вдишаниот кислород
ќе се менува зависно од поставките за притисокот, начинот на дишење на пациентот, изборот
на маска и стапката на протекување. Ова предупредување се однесува на повеќето типови на
апарати за терапија со CPAP или со притисок на двојно ниво.
•
Кај некои корисници може да дојде до зацрвенување на кожата, иритација или неудобност.
Доколку се случи тоа, престанете со употреба и контактирајте со вашиот здравствен работник.
•
Треба да се побара совет од лекарот на пациентот доколку пациентот забележи некои од
следните симптоми додека ја носи маската или откако ќе ја отстрани: невообичаена неудобност
во градите, недостаток на воздух, надуеност на стомакот, подждригнување или силна главоболка;
сушење на очите, болка во очите или очни инфекции; заматен вид. (Обратете се кај офталмолог
доколку симптомите опстојуваат.)
116
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
LATEX