Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 3 601 K81 3 Originalbetriebsanleitung Seite 336

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 60
Проверете дали приказот на батеријата (h) покажува уште најмалку 1/3 од
капацитетот.
– Исклучете го мерниот уред.
– Отстранете ги сите предмети коишто би можеле да се прикажат од близината на
мерниот уред (исто така и рачните часовници или прстени од метал).
Држете го мерниот уред хоризонтално во воздух, така што задната страна на
мерниот уред ќе покажува кон подот.
Избегнувајте јаки извори на светлина или директно сончево зрачење на задната
страна на мерниот уред, без да го покриете овој дел.
– Притиснете истовремено на копчињата за вклучување/исклучување (5) и
копчето за звучен сигнал (7) и држете ги двете копчиња, додека светлечкиот
прстен (1) не светне црвено. Потоа отпуштете ги двете копчиња.
– Доколку калибрацијата е успешна, мерниот уред по неколку секунди автоматски
ќе стартува и повторно е подготвен за работа.
Напомена: Доколку мерниот уред не стартува автоматски, повторете ја
калибрацијата. Доколку и покрај тоа мерниот уред не стартува, однесете го во
заштитната чанта (19) во овластена сервисна служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Проверете го мерниот уред пред секоја употреба. При видливи оштетувања
u
или олабавени делови во внатрешноста на мерниот уред, безбедното
функционирање не е повеќе загарантирано.
Одржувајте ја чистотата на мерниот уред, за да може добро и безбедно да работите.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со сува, мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Не вадете го лизгачот (12) од задната страна на мерниот уред.
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна
чанта.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Bosch Power Tools
Македонски | 283
1 609 92A 7ZF | (21.06.2022)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

D-tect 120 professional