Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 3 601 K81 3 Originalbetriebsanleitung Seite 331

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 60
278 | Македонски
Избегнувајте да мерите во близина на уреди што испуштаат силни
електрични, магнетни или електромагнетни полиња. Доколку е можно,
деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може
да влијае на мерењето или исклучете ги уредите.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Пред вклучување на мерниот уред, проверете полето на сензорот (13) да не
u
е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред со крпа.
Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни разлики,
u
оставете го да се прилагоди на температурата пред да го вклучите.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (5).
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (5).
Ако на мерниот уред не се притисне некое копче 5 min и не се детектира предмет,
тогаш мерниот уред автоматски се исклучува заради заштита на батеријата.
Вклучување/исклучување на осветлувањето на екранот
Со копчето за осветлување на екранот (6) можете да го вклучите и исклучите
осветлувањето на екранот.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон (7) можете да го вклучите и исклучите сигналниот тон. При
исклучен сигнален тон, на екранот се појавува приказот за сигнален тон (a).
Функционалност (види слика B)
Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето на сензорот (13) во мерна
насока A до максималната длабочина на регистрирање. Се препознаваат предмети,
коишто се разликуваат од материјалот на ѕидот.
Движете го мерниот уред праволиниски по ѕидот во правец B.
Движете го мерниот уред постојано со лесен притисок над подлогата, без да го
подигнувате или да го менувате притисокот.
За време на мерењето, лизгачот (12) мора постојано да има контакт со подлогата.
Процес на мерење
Поставете го мерниот уред на подлогата којашто треба да ја пребарате и движете го
во правец B.
1 609 92A 7ZF | (21.06.2022)
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

D-tect 120 professional