Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EasyChain 18V-15-7 Originalbetriebsanleitung Seite 242

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
242 | Македонски
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака
Значење
Проверете го внимателно и убаво
теренот каде со уредот ќе се работи да
нема диви или домашни животни.
Дивите и домашните животни можат да
бидат повредени за време на употреба
на машината. Проверете го детално
полето на работа на машината и
отстранете ги сите камења, гранки,
жици, коски и други предмети.
Носете заштита за глава ако постои
ризик од паѓање на гранки со што би се
предизвикала повреда.
Држете ги децата и другите присутни
особи подалеку додека работите со
овој моќен алат. Доколку нешто Ви го
попречи вниманието, може да ја
изгубите контролата над уредот.
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Дополнителна опрема/резервни
делови
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
F 016 L94 333 | (23.05.2023)
Употреба со соодветна намена
Производот е наменет за домашна употреба, за кастрење
дрва како гранки, даски, дрвени греди и сл., кои се
напгјаат блиску до земјишното тло.
Резовите може да се пилат со или преку зрното.
Овој уред не е соодветен за сечење гипс картон и
материјали со минерален состав.
Овој електричен алат не е наменет за сечење од долу
нагоре, за сечење со потопување во вода или за сечење
дрвја.
Овој електричен алат мора да се ракува со две раце за
време на употребата.
Обем на испорака
Уредот внимателно извадете го од кутијата и проверете
дали во целост ги содржи следниве делови:
– Пила за гранки
– Покривка
– Ланец
– Меч
– Маска за ланецот
– Масло за ланец за пила (50 мл)
– Упатство за употреба
Батеријата и полначот се вклучени во некои пакети.
Ако нешто недостига или е оштетено, обратете се кај
својот продавач.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1)
Штитник за ланецот
(2)
Тркало за затегање
(3)
помошна рачка
(4)
Брава за вклучување/исклучување
(5)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(6)
Задна дршка
(7)
Прифат за батеријата
(8)
Приказ за наполнетост на батеријата
(9)
Заштита за дланките
(10)
Исфрлувач на струготини
(11)
Покривка
(12)
Тастер за затегнување
(14)
Ланец
(13)
Маска за ланецот
(15)
Меч
a)
(16)
Батерија
a)
(17)
Полнач
(18)
Сериски број
(19)
Симбол за насоката на вртење и сечење
(20)
Магнет
Bosch Power Tools

Werbung

loading