Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EasyChain 18V-15-7 Originalbetriebsanleitung Seite 240

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
240 | Македонски
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130 °C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за пилата за кастрење
Чувајте ги сите делови на телото понастрана од
u
ланецот додека е во функција и работи. Пред да
започнете со кроењето, проверете дали ланецот на
пилата да не допира ништо. Додека работите со
пилата, и најмал момент на невнимание може да
предизвика да Ви се заглават делови од телото или
облеката во ланецот од пилата.
Алатката е наменета за употреба со две раце.
u
Секогаш држете ја пилата за кастрење со едната
рака на задната рачка, а другата рака на помошната
рачка. (види слика F)
Држете го апаратот само за изолираните површини,
u
бидејќи ланецот може да дојде во контакт со
скриени електрични кабли. Контактот на ланецот со
F 016 L94 333 | (23.05.2023)
жици што спроведуваат струја може да ги
наелектризира металните делови на пилата и да
доведе до струен удар на ракувачот.
Носете заштитни очила. Се препорачува и носење
u
на дополнителна заштитна опрема за ушите,
главата, рацете, нозете и стапалата. Соодветна
заштитна облека ќе ја намали опасноста од повреда
предизвикана од отфрлен отпад или случаен допир на
ланецот.
Не ракувајте со пилата за кастрење додека сте
u
качени на дрво, на скала, на покрив или на друга
нестабилна подлога. Работењето со пилата за
кастрење на таков начин може да доведе до сериозни
повреди.
При употреба на пилата, секогаш внимавајте да
u
имате цврста основа да стоите стабилно и цврсто со
нозете на тлото и секогаш користете ја пилата на
цврста, безбедна и рамна површина. Лизгавите
површини или нестабилните подлоги може да доведат
до губење рамнотежа или губење на контролата врз
моторната пила.
Кога сечете затегната гранка, внимавајте да не
u
отскокне кон вас како федер. При ослободување на
затегнатоста, гранката може да отскокне и да го
повреди ракувачот и/или да ја исфрли пилата од
контрола.
Бидете особено внимателни кога сечете повеќе
u
гранки одеднаш и фиданки. Мекиот материјал може
да се заплетка во ланецот, да Ве повлече кон себе и да
Ве исфрли од рамнотежа.
Секогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за
u
задната рачка со ланецот свртен нанапред. При
транспорт или складирање, секогаш ставете го и
прицврстете капакот на ланецот. Внимателното
ракување со пилата ќе ја намали опасноста од случаен
контакт со ланецот во движење.
Применувајте ги упатствата за подмачкување,
u
затегнување на ланецот и замена на деловите.
Несоодветно затегнатиот или неподмачкан ланец
може да се скине или да отскокне.
Сечете само дрво. Не користете ја пилата во цели
u
за коишто не е наменета. На пример: Не користете
ја пилата за сечење метал, пластика, ѕидарски или
градежни материјали кои не се направени од дрво.
Употребата на пилата во цели за коишто не е наменета
може да доведе до опасни ситуации.
Оваа пила за кастрење не е наменета за сечење
u
дрвја. Користењето на пилата за кастрење за
поинакви операции освен за опишаното, и она за што
е дизајнирана, може да резултира со сериозни
повреди на операторот или на случајните минувачи.
Придржувајте се на упутставата при чистење
u
заглавен материјал, складирање или сервисирање
на моторната пила за кастрење. Задолжително
проверувајте дали прекинувачот за напојување е
исклучен и дали батеријата е извадена.
Bosch Power Tools

Werbung

loading