Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Електричен Приклучок; Општи Напомени; Поврзување На Внатрешната Единица; Поврзување На Надворешната Единица - Bosch CLC6001i-Set 25 T Installationsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Полнење на системот
HAПOMEHA
Дефектна функција поради погрешно разладно средство
Надворешната единица е наполнета со разладно средство R32
фабрички.
▶ Кога ќе мора да дополните разладно средство, наполнете го
уредот само со истото средство. Не мешајте различни типови на
разладно средство.
▶ Празнете го системот со вакуумска пумпа ( Слика 14, [5])
во времетраење од 30 минути и исушете го додека не достигне
околу −1 bar (или околу 500 Micron).
▶ Отворете го горниот вентил [3] (од страната на течноста).
▶ Проверете со уред за мерење притисок [4] дали има слободен
проток.
▶ Отворете го долниот вентил [2] (од страната на гасот).
Разладното средство е распоредено низ системот.
▶ На крајот, проверете го притисокот.
▶ Одвртете го Шрадер-отворачот [6] и затворете го Шрадер-
вентилот [1].
▶ Отстранете ги вакуумската пумпа, уредот за мерење притисок и
Шрадер-отворачот.
▶ Поставете ги капачињата на вентилите.
▶ Вратете го капакот за спојките за цевки на надворешната
единица.
3.5
Електричен приклучок
3.5.1
Општи напомени
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност по животот поради струен удар!
Допирањето на електричните делови додека се под напон може да
предизвика струен удар.
▶ Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите
полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач)
и осигурете ги од повторно вклучување.
▶ На електричниот систем смее да работи само лиценциран
електричар.
▶ Внимавајте на мерките за заштита согласно националните и
меѓународните прописи.
▶ Ако во мрежното напојување има одреден безбедносен ризик,
или пак се случи краток спој при инсталирањето, информирајте
го операторот во писмена форма и не инсталирајте го уредот
додека не го отстраните проблемот.
▶ Поврзете ги сите електрични приклучоци согласно шемата за
електриката.
▶ Отстранувајте ја изолацијата од каблите само со специјална алатка.
▶ Не поврзувајте други уреди на истиот штекер на којшто е поврзан
уредот.
▶ Внимавајте да не помешате кој е фазен, а кој е неутрален
спроводник. Инаку може да предизвикате дефект на функциите.
▶ Ако сте постојано приклучени за струјната мрежа, поставете
заштита од преголем напон и прекинувач на колото дизајниран за
1,5-кратно поголема потрошувачка од максималната
потрошувачка на уредот.
Climate Class 6000i/8000i – 6721831489 (2022/11)
3.5.2
Поврзување на внатрешната единица
Внатрешната единица се поврзува со надворешната единица преку
4-жичан комуникациски кабел од типот H07RN-F. Проводниот
пречник на комуникацискиот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm
HAПOMEHA
Материјални штети поради погрешно поврзана внатрешна
единица
Внатрешната единица се снабдува со струја преку надворешната
единица.
▶ Поврзувајте ја внатрешната единица само на надворешната.
За поврзување на комуникацискиот кабел:
▶ Отворете го горниот и предниот капак.
– Отворете ги резињата на горниот капак.
– Држете го капакот со вашето тело и кренете го.
– Откачете го предниот капак од куките и извлечете ја шината
нанапред. ( слика 15).
▶ Подгответе го крајот на кабелот за поврзување [3]
за внатрешната единица ( слика 16 до 17).
▶ Отстранете ги завртките [4] и отстранете го капакот [5]
за приклучните клеми.
▶ Отворете го влезот за кабелот на задната страна на внатрешната
единица и протнете го кабелот.
▶ Поврзете го кабелот на клемите N, 1, 2.
▶ Поврзете заштитен спроводник [2] на
▶ Внимавајте како се назначени жиците во однос на клемите за
поврзување.
▶ Повторно поврзете го капакот за приклучните клеми.
▶ Повторно прицврстете ги предниот и горниот капак.
▶ Спроведете го кабелот до надворешната единица.
3.5.3
Поврзување на надворешната единица
Со надворешната единица се поврзува кабел за струја (3-жичан),
а за внатрешната единица комуникациски кабел (4-жичан).
Користете кабли од типот H07RN-F со доволен спроводен пречник
и осигурете го приклучокот со осигурувач ( Табела 7).
Надворешна
Мрежен
единица
осигурувач
Сите типови
16 A
Таб. 7
▶ Подгответе го крајот на кабелот за струја ( слика 18).
▶ Подгответе го крајот на комуникацискиот кабел ( слика 19).
▶ Отстранете ги капаците [3+6] на електричните приклучоци
( слика 20).
Моделот CLC6001i... го има само надворешниот капак [3].
▶ Прицврстете ги кабелот за струја [2] и комуникацискиот кабел
[1] на стегите [4]. Поставете ги доставените вметки [5] помеѓу
ако е потребно.
▶ Поврзете го кабелот за струја на клемите N, 1, и
▶ Поврзете го комуникацискиот кабел на клемите N, 1, 2 и
(назначете ги жиците на приклучните клеми како кај
внатрешната единица).
▶ Вратете ги капаците.
Монтажа
2
.
Спроводен пречник
Кабел за
Комуникациски
струја
кабел
2
2
≥ 1,5 mm
≥ 1,5 mm
.
93
.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis