Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Монтажа; Пред Монтажа; Услови За Местото На Поставување; Монтажа На Уредот - Bosch CLC6001i-Set 25 T Installationsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

3
Монтажа
3.1
Пред монтажа
ВНИМАНИЕ
Опасност за повреди поради остри рабови!
▶ Носете заштитни ракавици при монтажата.
ВНИМАНИЕ
Опасност поради изгореници!
Линиите на цевките се загреваат додека уредот работи.
▶ Осигурете се дека линиите се изладени пред да ги допирате.
▶ Проверете дали содржината на доставата е точна.
▶ Проверете дали има звук на шиштење од цевките на внатрешната
единица поради негативен притисок.
3.2
Услови за местото на поставување
▶ Придржувајте се до минималното растојание ( слика 4).
Внатрешна единица
▶ Не монтирајте ја внатрешната единица во просторија со отворен
извор на запалување (пр. отворен пламен, гасен уред или
електрична греалка што се користи).
▶ Уредот може да се монтира во просторија со основна површина
2
од 4 m
се додека висината на монтажа е најмалку 2,5 m. Ако
точката на монтажа е ниска, тогаш подната површина мора да
биде доволно голема.
▶ Местото на монтажа не смее да се наоѓа на надморска височина
поголема од 2000 m.
▶ Одржувајте ги влезовите и излезите за воздух слободни и без
препреки за да може воздухот да циркулира непречено. Во
спротивно, уредот може да не работи задоволително и да се
зголеми нивото на бучава.
▶ Држете ги телевизорот, радиото и другите вообичаени уреди
барем 1 m од уредот или неговиот далечински управувач.
▶ Изберете ѕид за внатрешната единица којшто ги ублажува
вибрациите.
Надворешна единица
▶ Не изложувајте ја надворешната единица на испарувања од
машинско масло, извори на врела пареа, сулфурни гасови итн.
▶ Не монтирајте ја надворешната единица каде што е директно
изложена на вода или морски ветер.
▶ Надворешната единица мора да биде заштитена од снег.
▶ Издувниот воздух или бучавата од работата на уредот не смее да
ја вознемирува околината.
▶ Воздухот мора да има добра циркулација околу надворешната
единица, но не смее уредот да биде изложен на силен ветер.
▶ Кондензацијата што се создава при работата мора слободно да
истекува и да не создава проблеми по околината. Ако е потребно,
поставете црево низ кое ќе истекува. Во ладните региони, не се
препорачува поставување на истечно црево бидејќи може да
замрзне
▶ Поставете ја надворешната единица на стабилна подлога.
Climate Class 6000i/8000i – 6721831489 (2022/11)
3.3
Монтажа на уредот
HAПOMEHA
Материјални штети поради непрописна монтажа!
Непрописната монтажа може да предизвика уредот да отпадне
од ѕидот.
▶ Монтирајте го уредот само на цврст и рамен ѕид. Ѕидот мора да
има капацитет да ја издржи тежината на уредот.
▶ Употребете завртки и типли наменети само за типот на ѕид и за
тежината на уредот.
3.3.1
Монтирање на внатрешната единица
▶ Отворете го пакетот и извадете ја внатрешната единица.
▶ Поставете ја внатрешната единица со стиропорот на неа на
нејзината предна страна.
▶ Отворете ја монтажната плоча на задната страна на внатрешната
единица.
▶ Одредете го местото каде што ќе биде монтирана земјаќи ги
предвид минималните растојанија ( Слика 2).
▶ Прицврстете ја монтажната плоча на ѕидот со завртка и типла
преку средна точка и изнивелирајте ја ( Слика 4).
▶ Прицврстете ја монтажната плоча и со другите шест завртки и
типли за да биде припиена за ѕидот.
▶ Издупчете отвор во ѕидот за црево (се препорачува отворот на
ѕидот да се наоѓа позади самата внатрешна единица  Слика 5).
Ознаките [1] служат за позиционирање на отворите.
▶ Ако е потребно, променете ја позицијата на истекување на
кондензацијата ( Слика 6).
Фитинзите за цевка на внатрешната единица во главно се наоѓаат на
нејзината задна страна. Препорачуваме да ги издолжите цевките
пред да ја прикачите внатрешната единица.
▶ Изведете ги фитинзите за цевките како во
поглавјето 3.4.Изведете ги фитинзите за цевките како во
поглавјето.
▶ Ако е потребно, подвиткајте ги цевките во посакуваната насока и
направете отвор на страната или долу на капакот ( Слика 8).
▶ Поставете ги цевките низ ѕидот и прикачете ја внатрешната
единица на монтажната плоча ( Слика 9).
▶ За CLC8001i... T/S/R има дополнителни плехови коишто мора да
се постават на соодветните точки ( слика 10, [2]).
– Одредете ја позицијата на плеховите.
– Отстранете ја лепливата фолија.
– Приспособете ги плеховите на постоечките плехови [1].
Ако треба да ја отстраните внатрешната единица од монтажната
плоча:
▶ Притиснете ги ознаките на долната страна на внатрешната
единица и повлечете ја внатрешната единица нанапред
( слика 11, [1]).
Кај моделите во боја CLC8001i... овие ознаки не се гледаат бидејќи
на тоа место има плех. Сепак, може да се отстрани внатрешната
единица од ѕидот со притискање на соодветните точки на овој начин.
1) Зависно од позицијата на цевките, може да се потребни сите 4 или само 3
плеха.
Монтажа
1)
91

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis