Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 3 601 M41 000 Originalbetriebsanleitung Seite 318

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°.
Лостот (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика R1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (8), без
да ја притискате блокадата при вклучување (7).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика R2)
– Свртете ја завртката за подесување (52) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целата должина на линијата на сечење на
делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°.
Рачката (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика S1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (17).
Bosch Power Tools
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (44).
Подесување (види слика S2)
– Олабавете ја затегнувачката рачка (31).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (39) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (31).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (39).
Доколку по подесувањето агломерот (38) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (37), олабавете ја
завртката (53) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°.
Лостот (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната дршка (31) и навалете ја
рачката на алатот со дршката (9) до крај во лево (45°).
Проверка (види слика T1)
– Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на
масата за пила (17).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (44).
Подесување (види слика T2)
– Олабавете ја затезната дршка (31).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
(29) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (31).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (29).
Доколку агломерот (38) по подесувањето не е во иста
линија со 45°-ознаката на скалата (37), најпрво
проверете ја повторно 0°-поставката за вертикалниот
агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го
подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Хоризонтално подесување на агломерот (види
слика U)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°.
Лостот (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка
Агломерот (22) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (24).
Македонски | 317
1 609 92A 6ST | (09.07.2021)

Werbung

loading