Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 3 601 M41 000 Originalbetriebsanleitung Seite 312

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Пила за оплата
Дијаметар на отворот
A)
Мерено при 20−25 °C со батерија ProCORE18V
8.0Ah.
B)
во зависност од употребената батерија
C)
ограничена јачина при температури <0 °C
Дозволени димензии на делот што се обработува (види „Дозволени димензии на делот што се обработува",
Страница 315)
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 62841-3-9.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А
типично изнесува: ниво на звучен притисок 95 dB(A);
ниво на звучна јачина 104 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтиранo сечило на пилата
– Ќеса за прав (2)
– Транспортна дршка (4), 2 завртки за монтажа
– SDS-болцна (46)
Bosch Power Tools
GCM 18V-216
mm
– Столарска стега (26)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (41)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (34) има два степена на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на
батеријата (35). Сѐ додека е вметната батеријата во
електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на
пружина.
Македонски | 311
GCM 18V-216
30
25,4
1 609 92A 6ST | (09.07.2021)

Werbung

loading