Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 3 601 M41 000 Originalbetriebsanleitung Seite 315

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
314 | Македонски
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(11). Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (45).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (43) и SDS-
болцните (46). Притиснете ја блокадата на вретеното
(33), додека не се вклопи и затегнете ги SDS-болцните
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач (36) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (36).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (36).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), ако го
заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување (5) сосема
нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (17) затегнете го
копчето за фиксирање (19).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (9) надолу,
додека транспортниот осигурувач (36) целосно не се
притисне навнатре.
1 609 92A 6ST | (09.07.2021)
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пила (види слика G)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (14).
– Олабавете ja завртката за затворање (15).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (14) до саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење
повторно затегнете ја завртката за затворање (15).
Поместување на граничната водилка (види слика H)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
поместите подесливата гранична водилка (25).
– Олабавете ја завртката за блокирање (47).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (25)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (47).
По сечење на вертикални агли на закосување, повторно
вратете ја назад подесливата гранична водилка (25)
(олабавете ја завртката за фиксирање (47); поместете ја
граничната водилка (25) целосно навнатре; повторно
зетегнете ја завртката за фиксирање).
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика I)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот за
обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за
добро да се прицврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (25) и (13).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (26) во
отворите предвидени за таа намена (49).
– Прилагодете ја навојната прачка (48) на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (48) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот и
вертикалниот агол на закосување
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање (19)
u
пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се
заглави во делот што се обработува.
Bosch Power Tools

Werbung

loading