Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 3 601 M41 000 Originalbetriebsanleitung Seite 314

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Вклучете го електричниот алат и извадете ја
батеријата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика C)
За едноставно собирање на струготините користете ја
испорачаната ќеса за прав (2).
– Ставете ја ќесата за прав (2) на исфрлувачот на
струготини (3).
За време на сечењето, ќесата за прав никогаш не треба
да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја ќесата за прав.
Проверете ја и исчистете ја ќесата за прав по секоја
u
употреба.
За да избегнете опасност од пожар, при сечење на
u
алуминиум, извадете ја ќесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (3) може да
приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
исфрлувачот на струготини (3).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Bosch Power Tools
Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава
(види слики D1−D4)
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(42) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (33), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (33) и
одвртете ја завртката (42) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (43).
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(11) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (44).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (11) до
крај наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (45).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (43) и завртката
(42). Притиснете ја блокадата на вретеното (33),
додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Монтажа со SDS-болцни (види слика E)
При вертикално сечење со закосување и користење
u
на SDS-болцни (46), пред сечењето, со помош на
соодветно подесување на граничникот за
длабочина (30) , мора да се осигурите дека SDS-
болцните во ниеден момент нема да се допираат до
површината на делот што се обработува. На тој
начин се спречува оштетување на SDS-болцните и/или
делот за обработка.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (33) и
одвртете ги SDS-болцните (46) во правец на стрелките
на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (43).
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(11) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (44).
Македонски | 313
1 609 92A 6ST | (09.07.2021)

Werbung

loading