Villager
Нож
Преглед
Искосете ја косилката на десна страна, така да страната на филтерот за
воздух биде горе. Тоа ќе помогне во спречувањето на истекување на
гориво и отежнатото стартување.
Прегледајте дали има оштетувања, пукнатини, голема рѓа или корозија
на ножот. Tапиот нож мора да се наостри, а ножот кој е премногу
истрошен, искривен, напукнат или оштетен на поинаков начин – мора да
се замени.
Moмент клучот секогаш мора да се користи при монтажа на ножот.
Проверете дали се затегнети завртките на ножот.
Вадење и монтажа
Доколку го вадите ножот поради острење или замена, ќе Ви треба момент
клуч за монтажа. Секогаш носете цврсти ракавици за да ги заштитите
Вашите раце.
Извадете ја завртката со насаден клуч. Употребете дрвен блок за да
спречите ножот да се врти за време на вадењето на завртката. Потоа
извадете го ножот.
Moнтирајте го ножот користејќи ги завртката за нож и специјалната
подлошка. Внимавајте, специјалните подлошки се монтираат со
вдлабнатата страна кон ножот, а со испакнатата страна кон завртката.
Затегнете ја завртката на ножот со момент клуч. Употребете дрвен блок
за да спречите ножот да се врти за време на завртувањето на завртката.
АДАПТЕР НА НОЖОТ
НОЖ
ЗАВРТКА
ПОДЛОШКA
17
FALCON 6111 H-MATIC (МК)