Villager
Упатство за употреба
Проверете дали се сите навртки, завртки и спојки добро затегнати.
Пред почетокот на косењето, поставете го собирачот на трева на своето
место.
Пред почетокот на косењето, бидете сигурни дека ножот и фиксирачката
завртка се безбедно затегнати. Кога е неопходно наострете ги рабовите
за сечење. Тоа мора рамномерно да се направи од двете страни – за да
се спречи нееднаквоста. Доколку е оштетен ножот – заменете го.
За време на косењето, секогаш носете долги пантолони и цврсти обувки.
Со моторот не смее да се работи во затворен и/или во слабо проветрен
простор затоа што гасовите од моторот содржат јаглен-моноксид кој е
опасен по Вашето здравје.
Работете само кога осветлувањето е на задоволително ниво.
Косилката не смее да се користи кога врне дожд или кога е влажна
тревата.
Посебно внимавајте кога работите со уредот на косини, никогаш на
одете надолу ниту пак нагоре.
Исклучете го моторот доколку морате да ја оставите косилката без
надзор, доколку треба да ја преместите или да ја искосите.
Никогаш не подигнувајте го задниот дел од косилката за време на
стартувањето на моторот и никогаш не ставајте ги Вашите раце и стапала
под куќиштето или во отворот за празнење позади – додека работи
моторот.
Никогаш, на било кој начин, не менувајте ја номиналната брзина на
моторот.
На самоодните косилки, исклучете им го самоодниот систем пред
стартувањето на моторот.
Никогаш не подигнувајте ја и не пренесувајте ја косилката додека
работи моторот.
Исклучете го моторот и извадете го кабелот од свеќичката во следниве
случаи:
- Пред изведување на било која операција под куќиштето или на
задниот отвор за празнење.
- Пред било кое одржување, поправка или операција на прегледување.
- Пред пренесување, подигање или поместување на косилката.
- Доколку ја оставате косилката без надзор или доколку ја менувате
висината на косење.
- Кога го вадите или празните собирачот за трева.
- По удар во страно тело, исклучете ја косилката и детално проверете ја
косилката за да утврдите дали е оштетена. Однесете ја косилката во
FALCON 6111 H-MATIC (МК)
4