Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PFS 3000-2 Originalbetriebsanleitung Seite 248

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PFS 3000-2:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
248 | Македонски
Вклучување (види слика D)
– Проверете, дали е монтирано правилното капаче на
млазница (види „Замена на капачето на млазница
(види слики B1–B2)", Страница 246).
– Ставете го мрежниот приклучок во ѕидната дозна.
– Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го
кон површината за прскање.
– За регулирање на количината за воздух, поставете го
прекинувачот на лизгање (25) на саканата апликација
(види „Подесување на количината за воздух (види
слика D)", Страница 249).
– Притиснете го прекинувачот (5) на пиштолот за
прскање.
Напомена: Доколку е вклучена основната единица, од
капачето за вентилација (2) секогаш струи воздух.
Исклучување
– Отпуштете го контролниот прекинувач (5) и
притиснете го прекинувачот на лизгање (25) сосема
на лево (позиција ◯).
– Влечете го мрежниот приклучок од ѕидната дозна.
Совети при работењето
Прскање (види слики E–H)
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го
користите електричниот алат на отворено.
– Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја
сликата на млазот и количината на материјал за
прскање во зависност од материјалот за прскање.
За подесување, видете во следните поглавја.
– Пиштолот за прскање држете го на подеднакво
растојание од 20–25 cm вертикално кон објектот за
прскање.
– Почнете со прскање надвор од површината за
прскање.
– Во зависност од подесената слика на прскање,
движете ги пиштолите за прскање рамномерно
хоризонтално или вертикално.
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога
насоките на прскање се преклопуваат за 4–5 cm.
– При прскање на легнати објекти или при прскање на
плафон, пиштолите за прскање држете ги малку на
косо и движете се наназад оддалечувајќи се од
површината на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните
пречки.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за
прскање.
Рамномерното водење на пиштолот за прскање дава
еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон
зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до
нерамномерно бојосани површини.
– Завршете со процесот на прскање надвор од
површината за прскање.
1 609 92A 84D | (12.07.2022)
Не го исцрпувајте сосема резервоарот со материјал за
прскање. Доколку цевката за всисување не е потоната во
материјалот за прскање, ќе се прекине млазот на
прскање и се создава нерамномерна површина.
– По паузи или повторно полнење на резервоарот,
проверете го (7)капачето за млазница (10)/(11) и
капачето за вентилација (2) и доколку е потребно
исчистете ги.
– Доколку се насобере материјал за прскање на
капачето за вентилација (2) или на капачето зa
млазницата, исчистете ги компонентите со
испорачаната четка за чистење (27) или со
вообичаена четка за миење.
Подесување на сликата на прскање (види слика I)
Никогаш не го активирајте прекинувачот (5),
u
додека го поставувате капачето за вентилација (2).
– Свртете го капачето за вентилација (2) во саканата
позиција.
Капаче за
Млаз за прскање Примена
вентилација
Подесување на количината на материјалот за прскање
(види слика J)
(PAINTVolume)
– Свртете го тркалцето за подесување (4), за да ја
подесите саканата количина на материјал за прскање:
Степени 1/2/3: апликација на „дрво",
Степени 3/4/5: апликација на „ѕид".
– Започнете со пробно прскање на ниво 1 и зголемете ја
количината на материјал за прскање додека не се
постигне посакуваното прскање. Доколку не се
постигне задоволително прскање, разредете го
материјалот за прскање во 5 % чекори (види
„Подготовка на материјалот за прскање",
Страница 247).
Напомена: Интензитетот на нанесување боја во голема
мера зависи од брзината на движење.
Хоризонтален
плоснат млаз за
вертикална
насока на работа
Вертикален
плоснат млаз за
хоризонтална
насока на работа
Округол млаз за
агли, рабови и
тешко достапни
места
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis